10 брзи начини како да се ослободите од здебелената и жолтеникава кожа на петите и повторно да добиете меки стапала

admin22

Кератодерми се заболувања што настануваат со задебелување на рожестиот слој на епидермата. Ваквата здебелена и жолтеникава кожа на стапалата е проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Покрај непријатниот изглед, предизвикува нелагодност, сувост и понекогаш и болка. А еве како конечно да се ослободите од истата.

1. Аспирин

Обичен аспирин од аптека помага во борбата против здебелената и жолтеникава кожа на нашите пети. Иситнете 5-6 таблети аспирин и правот измешајте го со сок од лимон и вода. Добиената паста нанесете ја на стапалата и при триењето користете камен за пети.

Алергичните на аспирин и дијабетичарите не се препорачува да го користат овој метод.

2. Паста од сода бикарбона

Loading...

Додавањето сода бикарбона во купката за стапала помага во лечењето на здебелените и жолтеникави пети. Но, наместо купка, можете и на следниот начин да го направите третманот: Измешајте сода бикарбона со вода и добиената паста нанесете ја на петите.

3. Потопете ги стапалата во чај

loading...

Топлиот чај секогаш е совршен пијалок. Но, тој може да биде исто така одличен и за нашата кожа. Во чај од камилица, измешан со неколку капки од масло од чајно дрво, потпете ги стапалата. Тоа ќе помогне да се ослободите од лошите пети.

4. Масирајте со пченкарен скроб

Појавата на здебелената и жолтеникава кожа на стапалата може да биде спречена навремено. Масирајте ги вашите стапала со пченкарен скроб, кој ја спречува појавата на иритации и различни инфекции, а истовремено ќе ги омекне болните здебелени слоеви.

5. Направете оцетен завој

Потопете малку памук во оцет и така натопен, памукот залепете точно на потребното место, не и на останатиот дел од стапалата. Оставете го оцетниот завој да отстои цела ноќ, а утредента истријте ги петите со помош на камен за пети.

6. Ананас

Ананасот ги содржи потребните ензими кои помагаат во омекнувањето и отстранувањето на здебелената и жолтеникава кожа на нашите стапала. Нанесете неколку парчиња ананас на потребното место и завиткајте ги стапалата со парче ткаенина. Направете го овој третман еднаш неделно.

7. Застоен леб

Стариот застоен леб можеби не е добар за јадење, но е одличен за кожата бидејќи помага во омекнување на кожата. Потопете ги парчињата застоен леб во јаболков оцет и ставете ги на стапалата. Третманот нека отстои преку ноќта.

8. Алое вера за ноќен третман

За овој метод, може да користите лист или гел од алое вера. Нанесете на потребната површина и ставете завој.

9. Витамини А и Е

Витамините можат да помогнат во подобрувањето на состојбата на кожата, па дури и кога се надворешно употребени. За ова ќе ви биде потребно капсула од витамин А или Е. Исцедете го маслото капсулите и нанесете на потребното место. Правете го овој третман пред легнување, а продолжете да го правите се додека не ги добиете посакуваните резултати.

10. Носете чорапи со посебни креми или гелови

Кремите и геловите со ексфолијаторско својство помагаат во борбата против здебелената и жолтеникава кожа, особено ако содржат салицилна киселна или амониум лактат. Нанесете гел или крема со ваква содржина и својства, а потоа облечете чорапи.

loading...
Loading...
Next Post

МОЛИТВА: Против магии, зли јазици и болести (свети Кипријан )

Владико Господи Исусе Христе, Боже наш, Седржителу и Управителу на се! Свети и Свети Сеправолсвни, Царе над Царевите и Господар на господарите! Слава Тебе Кој живееш во безгранична светлина пред илјади и милиони свети Ангели и Архангели! Прими ја мојата смирена молитва и направи секој што страда од лош дух […]