Ако се чувствувате скршени, оваа порака ќе ве охрабри!

admin22

Си бил еднаш еден Грнчар кој посетил една продавница. Сопственикот на продавницата беше пресреќен за посетата и не губеше време да му ги покаже најскапите грниња.Тие навистина беа прекрасни и убави.Некои имаа необични дизајни и фигури на нив.“Ова се моите најдобри грниња.“-одговори гордо споственикот.Но грнчарот ја сврти главата.

“Тие се убави“ рече тој.“Но тоа не еона што јас го барам.“ Зачуден,сопственикот го одведе до друга полица.“А што велите за едно од овие?:“ праша тој.“Овие се понеубави , но сигурно, може да користат за нешто…“

Повторно,Грнчарот ја сврте својата глава.“Ова не е тоа што јас го барам“

Тогаш,гледајќи во позадината на продавницата,тој запраша: “А што велите за ова овде?“

Сопственикот се приближи до него.“Ох,не господине… не го сакате тоа грне.Зар не гледате? Скршено е.Бескорисно е.“

Loading...

“Дали сите делови се тука?“ праша Грнчарот. Сопственикот климна со главата. “Па …да.“Грнчарот ги зема скршените делови.“Зошто го сакате тоа грне?“ “Кога има уште многу други тука?“ Насмевка се појави на лицето на Грнчарот.“Бидејќи најсилните грниња од сите се оние кои прво биле скршени.“ одговори тој. И таа ноќ, со големо внимание и нежност, Грнчарот ги зема скршените делчиња и почна со својата работа.

Многу,многу недели подоцна,кралот на целата земја одржа натпревар за сите негови предмети. На натпреварот беа присутни и сопственикот и грнчарот. Топло се поздравија и разговараа накратко.Тогаш сопственикот погледна на грнињата на масата на кралот.“ Тоа е прекрасно грне.“ – се восхитуваше тој.“Но, од некоја причина, изгледа како да го имам видено претходно.

loading...

“Дали се сеќаваш на скршеното грне?“ праша грнчарот.

“Да“.сопственикот беше вчудоневиден гледајќи го повторно во грнето,за кое тој не гледаше никаква корист.Тој се загледа, гледајќи го со сосема нови очи.

“Сигурно не мислите….тоа скршено грне…?“ “Да.“ Потврди Грнчарот.

“Тоа скршено грне.“

Исто како и тоа скршено грне, Бог може да ги земе нашите животи и да ги претвори во нешто прекрасно, ако Му ги дадеме сите скршени делови.

loading...
Loading...
Next Post

Ова се сите неработни денови во 2020 година

Според Програмата на неработни денови за 2020 година на Министерството за труд и социјална политика, неработни денови во 2020 година се: За сите граѓани на РМ 1 јануари (среда), Нова година; 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар; 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден […]