Ана ја одбранила мајка си од пијаниот татко, тој ја полеал со бензин и ја запалил и неа и куќата

admin3

Една тинејџерка од Украина претрпела тешки изгореници откако била запалена од пијаниот татко.

Ана (16) од Черновецки, во западна Украина, била сериозно изгорена по лицето и по рацете кога нејзиниот 38-годишен татко дошол дома, во пијана состојба и ја нападнал нејзината мајка Наталија (43). Таткото – чие име не беше откриено – тргнал да ја удри мајката кога Ана му дошла и  му ја зграпчила раката.

„Тој сакаше да ме удри, но Ана го грабна за рака и викна: ‘Нема да ја повредуваш повеќе!’“, Рече Наталија, пишува светскиот сајт Сан.

“Тој ја турнал настрана и истрчал надвор од куќата. Мислевме дека ќе отиде на прошетка да се издува, но по неколку секунди се врати со шише бензин и го истури низ целата соба, по лицето на Ана и ја вклучи ринглата за готвење“, пишуваат украинските медиуми.

Бензинот експлодирал во контакт со шпоретот и огнот брзо се раширил на Ана и просторијата.

“Нејзиното лице беше во пламен . Таа се обиде да го изгаси со свои раце”, рекла мајката.

За среќа за Ана, нејзиниот постар брат бил дома и го слушнал нејзиниот крик. Тој упаднал во запалената соба и ја извлекол својата сестра надвор.

“Јас фрлив снег кон неа за да се изгасне огнот. Татко ми стоеше и го набудував. Му викнав да ми помогне, и тој рече: Остави ја кучката нека остане да изгори, не ми е гајле”, рекол тој.

Кога ја видоа куќата како гори, соседите побрзаа и побараа помош. Меѓутоа, патот беше целосно блокиран и амбулантните возила не можеа да се вратат дома, па повредената Ана мораше да оди по три километри до брзата помош, пренесува Блиц.

Девојчето е сместено на интензивна нега, со сериозни изгореници на лицето, вратот, грлото и рацете.

„Делови од оштетената кожа треба да се отстранат од лицето и рацете бидејќи изгорениците беа премногу длабоки и епидермисот нема да закрепне“, рече Игор Семенџук, директор на локалниот центар за итни случаи.

Лекарите рекоа дека на Ана и е потребна пластична операција за да и го исчистат лицето.

„Се обвинувам за она што се случи. Посакувам да можам да го сменам моето место со ќерка ми“, рекла низ солзи мајката.

По пожарот, во семејниот дом повеќе не може да се живее, а нивните работи сега се пепел. Се очекува Ана следниот месец да го помине во болницата и ќе биде обезбедено со стручно советување за да се справи со застрашувачкиот настан и последиците.

Таткото е уапсен за обид за убиство и е во притвор, каде ќе чека два месеци до судењето.

„Тој сакаше да го убие целото семејство во пожар. Доколку биде прогласен за виновен, ќе добие доживотен затвор“, рече полицискиот портпарол Демјан Голиански.

Повеќе слики погледнете тука.

Преведено од:

Kurir.rs/San

loading...
Loading...
Next Post

ДАРА БУБАМАРА ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР: Затворениците збеснаа по неа

Српската пејачка Дара Бубамара очигледно е сон на речиси секој маж, особено на оние кои се лишени од слобода. Имено, како што јавуваат српските медиуми, експлицитното видео на пејачката станало хит меѓу затворениците. -Минатата недела бев да го посетам братот, кој треба да излезе од затвор за неколку месеци. Имаме […]