Ангеловска најави дека платите на административците сепак ќе се кратат

admin22

Во услови кога работното време на администрацијата е од 08:00 до 14:00 часот и кога вработените одат на работа преку еден ден, министерката за економија, Нина Ангеловска, смета дека платите на административците би требало да бидат намалени.

Во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, беше запрашана околу можноста за евентуално намалување на платите кај вработените во јавната администрација, Ангеловска вели:

„Од солидарен аспект, дали сметам дека треба да понесе дел од товарот и администрацијата, дефинитивно сметам дека треба“, рече Ангеловска не одговарајќи притоа на прашањето – од кој месец би можело да се очекува евентуална таква владина мерка.

loading...
Loading...
Next Post

Пробиштип се вклучи на листата на градови со заразени од Ковид-19

Пробиштип денеска се запиша во листата на градови со заразени од коронавирусот. Засега има еден позитивен случај. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов апелира граѓаните да се почитуваат мерките за заштита. „Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно […]