(АУДИО) ОДЕКНАА НОВИ БОМБИ: Мицкоски имал средба со Кичеец, за што точно се договарале слушнете

admin22

Нови четири аудио снимки на кои може да се слушнат разговори меѓу Зоран Милески – Кичеец и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, снимени пред првиот круг претседателски избори во април 2019 година, денеска се појавија на Јутјуб. Објавувачот на снимените аудио материјали засега е непознат.

На снимките може да се слушнат теренските активности на Кичеец во Охрид, стратегии за соработка на избори, а Кичеец во еден момент му кажува на Мицкоски дека се што било побарано од него е завршено и дека е добар извршител, кој не зборува наоколу.

Исто така, во разговорите се слуша како се прави анализа на состојбите во Охрид и конкретна сосработка за вториот круг на изборите. Аудио снимките откриваат и дека Кичеец открива можна средба на Мицкоски со Камчев.

Пред девет месеци Мицкоски на прес конференција обвинуваше дека власта сака да го вовлече и инкриминира во случајот „Рекет“.

-Сакаат да создадат слика во јавноста дека Мицко зел пари од Зоки Кичеец, рече Мицкоски, па додаде:

Loading...

-Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор“, рече Мицкоски пред девет месеци.

Мицкоски на сите прозивки во јавноста категорично негираше дека имал средби со Кичеец. Тој во интервју велеше дека сам ќе се пријави во истражниот затвор во Шутка доколку постојат докази за негови инкриминирачки активности.

loading...

loading...
Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Напад врз пратеници и министри, инциденти пред собранието на Србија

Пратениците на десничарската партија Двери во српскиот парламент се собраа утринава пред зградата на Скупштината, а при протестот г навредуваа и напаѓаа министрите и пратениците на владејачкото мнозинство при влегувањето, пренесува Н1. Како што се наведува, лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ на министерот за здравје Златибор Лончар му порачал дека […]