Баба Лидија бере билки повеќе од 40 години, ќе ви го каже лекот за секоја болест

admin22

Таа се вика Лидија, а по професија е биолог, физеотерапевт и билкарка повеќе од 40 години. Таа исто така има објавено неколку книги за лековитите билки, а нејзините совети се познати низ целиот свет.

„Денес многу повеќе се разболуваме, бидејќи јадеме многу увезена храна. 65% од месото е увозно, увезуваме и јадеме многу банани и портокали. Добро е да јадеме увезена храна, ама таа да биде само 10% од вкупно внесената храна. Кога јадете многу увезена храна која не е од нашето поднебје, тогаш нема да можете да се прилагодите на условите на местото во кое живеете. Тоа е основниот закон на природата.”

ХРАНАТА ТРЕБА ДА БИДЕ ЛЕК, А ЛЕКОТ ТРЕБА ДА НИ БИДЕ ХРАНАТА

Еднаш зедов Иван-чај (Врбовка, лат.Epilobium) од неколку произведувачи, за да го проверам нивото на витамини во него. Се покажа дека Иван-чај има 6 пати повеќе витамин Ц отколку лимонот.

Оној кој расте во Салехард има 20 пати повеќе витамин Ц. Колку расте посеверно толку е побогато со витамини и минерали од чаевите што растат на југ (има каротени и витамин А дури 10 пати повеќе од оној што расте во Тјумен). Па како тогаш луѓето од северот може да јадат јужно овошје и зеленчук? Дали ме разбирате? Од таа храна може само да се разболите!

Loading...

Па дури и самиот Иван Грозни уште во 1580 година рекол: „Ако сакате освоите земја, доведете им туѓи производи!” Е тоа денес ние самите на себеси го правиме!”

МНОГУ ОД ХРАНАТА ДЕНЕС ШТО ЈА ЈАДЕМЕ Е ОТРОВ

loading...

Овде првенствено мислам на газираните пијалаци, мастиките итн. Главна состојка во нив е аспартамот (вештачки засладувач) кој е 200 пати посладок од шеќерот. Колку повеќе го пиеш тој сок, се повеќе и повеќе имаш потреба од него, да го пиеш уште повеќе. А колку повеќе го купуваш, земјата која го произвела ова ѓубре, толку повеќе се богати.

КОГА БЕВ ДЕТЕ ТАТКО МИ МЕ ИЗЛЕЧИ ОД АЛЕРГИЈА СО НАПИТОК ОД ЈОД

Кога бев дете татко ми ми даваше напиток со кој ме лекуваше од алергија: „Три седмици секој ден морав да испијам половина чаша млеко во која имаше капнато 3 капки јод. И самиот Наполеон на војниците им давал јод знаејќи дека недостигот од овој минерал развива деменција.”

ШТО Е ПРВОТО ШТО ГО ЈАДАТ МАЧКИТЕ И КУЧИЊАТА НАПРОЛЕТ?

„Пиреј! Некои ја јадат па после повраќаат, што значи дека се чистат од токсини. Пирејот е најважната лековита билка. Таа содржи силициум, а овој минерал го поддржува калциумот, што значи заштита од артритис, артроза, гастритис.

Земете куп млад пиреј и варете го 10 минути. Во течноста сварете супа. Тоа е вистински лек за старци. Калциумот во таблети не може да им помогне на старите лица.”

ОНИЕ ШТО ИМААТ ЧИР МОРА СЕКОЈ ДЕН ДА ИЗЕДАТ ЛИСТ ОД ТЕГАВЕЦ

„Оние што патат од чир во дигестивниот тракт, мора да јадат по еден лист тегавец секој ден. Синтетичките витамини не се ништо подобри од дрогата. Секојдневно консумирајте глог, невен, камилица и лук. Тоа ќе ви помогне многу повеќе отколку било кој синтетички витамин.”

loading...
Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Владиката Петар распали по Филипче: Што не кажа така за Ифтарите? Или тогаш кравата му го изеде јазикот

Видео кое отвора многу прашања, нормално го препорачуваме да го погледнете – Владиката Петар, во врска со забраната за одење на гро бишта за Зад ушница, очигледно обраќајќи се до министерот Филипче или до Комисијата, за Сител изјави: „Ама, ќе го исфрлат и него од местото каде е, ако така […]