БИДЕТЕ СПОКОЈНИ: Патникот од Дубаи е НЕГАТИВЕН на коронавирус

admin3

Патникот кој што бил шест дена во Дубаи, и дошол во Скопје, утринава со симптоми на грип се јавил во инфективната клиника. Тестирањата покажаа дека резултатите се негативни на коронавирус, дознава ТВ21.

„Пациентот има симптоми на грип и се прават тестови, а резулатите ќе бидат познати за неколку часа“, кажа Филипче.

Синоќа на Инфективната клиника беше примен италијански државјанин кој се пожалил на стомачни проблеми, но тестовите за коронавирус беа негативни.

„Апелирам до пациентите кои доаѓаат од критичните места точно да одговараат на прашањата на граничните полицајци и на вработените во царина. Да не кријат информации. Да се придржуваат до упатставата кои ги добиваат во информативните материјали на аеродромите и на граничните премини, и доколку се сомневаат на симптоми, да не одат по клиниките, туку да се јават на еден од десетината телефони во Центарот за јавно здравје и во Институтот за јавно здравје “, изјави Филипче.

Министерот повторно апелираше до граѓаните да ги одложат ако не се потребни патувањата во северна Италија и да не наседнуваат на лажни вести со цел да не се дига паника. Според него, здравствените институции имаат доволно материјали, околи 10 илјади маски и мантили, како и скафандери, и доколку има потреба ќе бидат набавени дополнително.

Loading...

Владата денеска на седница ќе дискутира дали ќе се одложат сите посети во овој регион оранизирани од државни институции.

Од вчера се скенираат сите патници на аеродромите во Охрид и Скопје, а патниците кои во државава ќе доаѓаат од критичните предели на северна Италија ќе се пропуштаат само на неколку гранични премини: Богородица, Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Табановце со цел да биде поконцентрирана контролата и да има време да се организираат здравствените работници.

loading...
loading...
Loading...
Next Post

До 28 Февруари тажни денови за два хороскопски знаци, а кој ќе дочека радосна вест?

Овен Во текот на оваа недела ќе преовладуваат измешани чувства кај вас. Еден ден едвај ќе чекате да го видите партнерот, а веќе наредниот ќе ви оди на нерви. Пробајте да ги избалансирате работите и опуштете се. Во последно време не внимававте на храната која ја консумирате, па почнувајќи од […]