Билјана Јовановска е новиот директорка на ПИОМ, разрешен Орхан Рамадани

admin22

На денешната седница Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.

Согласно овие предлози, Владата ја прифати оставката на Борче Хаџиев, и го разреши од должноста директор на Фонд за осигурување на депозити, на негово барање, и за в.д. директор го именуваше Амир Шабани.

Владата ја прифати оставката на Армир Садики, и го разреши од должноста в.д. директор на Бирото за јавни набавки, и за директор на Бирото го именуваше Борче Хаџиев.

Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија Ц.О. Скопје, за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи.

Владата денеска ја прифати оставката на Орхан Рамадани и го разреши од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на негово барање, и го именуваше Фатон Ахмети за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Loading...

На денешната седница Владата го именуваше Бесир Деари за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.

loading...
Loading...
Next Post

(ФОТО) СКАНДАЛ: Се појавија скандалозни фотографии од СИНОТ НА БАЈДЕН, на една се гледа како се дрогира!

Видеа и фотографии на кои се гледа синот на Џо Бајден, кандидат на Демократите на изборите во САД, бидејќи тој е вклучен во „сексуални активности“ се објавени на кинескиот портал, кој се поврзува со поранешниот советник на Доналд Трамп, Стивен Бенон, пишува „The Sun“. Снимките наводно ги поставил еден корисник […]