Благодатниот оган пристигна и му е предаден на Архиепископот г.г. Стефан

admin22

Ја користиме можноста да информираме дека вечерва благодатниот оган кој се симнува на чудесен начин во Христовиот гроб во Ерусалим стигна на скопскиот аеродром.

Директорот на Комисијата го презеде истиот и се упати во манастирот Св. Георгиј Победоносец во Криви дол каде го предаде на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во овие вонредни околности, доаѓањето на благодатниот оган директорот и Архиепископот го оценија како чин кој го бодри духот и ја буди надежта во пресрет на Христовото Воскресение кај православните верници.

loading...
Loading...
Next Post

И ОВАА ГОДИНА ЧУДО ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се симна на Христовиот гроб!

Благодатниот Свет оган чудесно слезе на Велика Сабота во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во храмот на Светиот гроб во Ерусалим. Светиот оган ја симболизира чудесната светлина на Воскресението Христово, за што зборува уште апостол Павле и се смета за најголемата светиња за верниците. Неговото појавување во пресрет на […]