Блумберг: Со ова темпо Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години

admin22

Со досегашното темпо на вакцинација, Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години, објави Блумберг.

„Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште десет години за да се имунизира 75 отсто од популацијата“, пишува Блумберг.

За разлика од тука, во соседна Албанија потребни ќе бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 отсто од населението.

Loading...

Бугарија со 9.215 дози на ден ќе се стекне со колективен имунитет за речиси три години од сега.

Во Србија засега просекот на дневно вакцинирање е 62.857 дози, што значи дека за четири месеци веќе ќе бидат имунизирани 75 отсто од луѓето.

loading...

Во Грција во просек на ден се имунизираат по 39.656 лица, и со ова темпо ќе и биде потребна една година за да дојде до посакуваниот колективен имунитет.

Loading...
Next Post

Петок 9 Април ќе биде ден кој овие два хороскопски знаци ќе го паметат по добро

Вага Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чувствувате во вашиот дом. И на емотивен план ве очекува […]