Боки 13: Од Орце Камчев не можеш да земеш 50 денари, а не па милион евра

admin22

Во завршнире зборови Бојан Јовановски проговори и за својот однос со водителката Лила Стојановска, која беше една од сведоците во случајот „Рекет“ на барање на Обвинителството. Тој вели дека во неволја се гледаат вистинските пријатели.

Кога си во притвор се гледа кои ти се вистински пријатели, а кои не. Таа всушност ништо не кажа освен дека сме оделе заедно на одмор и оти давала донација за телевизијата – рече Боки.

Обвинетиот Бојан Јовановски бара ослободителна пресуда за „Рекет“. Во својот завршен збор рече дека е облечен во бело како Тито бидејќи е идниот лидер на државата. Судењето го нарече политички прогон поради што и 11 месеци останал во притвор.

„Во однос на мојот вчерашен исказ дека ќе се занимавам со политика, би сакал судот да ми овозможи да имам право на мои соопштенија до јавноста кои ќе ги пласирам преку вас и да не ме цензурирате зошто јас со овој предмет немам забрана за вршење на било каква политичка дејност. Целта ми е сите политички малверзации во оваа држава да ги посведочам за да станам лидер на нова европска Македонија”, рече Јовановски.

Бледите завршни зборови на јавната обвинителка биле цитати од филмови, а не цврсти докази, истакна обвинетиот Бојан Јовановски, во завршниот збор за случајот „Рекет“, на денешното рочиште во Кривичен суд.

Loading...

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, пак, порача дека обвинителството не покажало докази за делото за кое се товари неговиот клиент.

Бојан Јовановски на денешните завршни зборови ги потврди шпекулациите дека имал чести контакти во неговиот дом со министерот за здравство Венко Филипче во друштво на бизнисменот Орце Камчев.Како што тврди Боки, Камчев бил заинтересиран да ја преземе една од најголемите државни болници.

loading...

Камчев требаше да ја земе „8 септември“. Затоа јас имав таков болнички третман-тврди Јовановски.

Замислете страшниот Орце Камчев се плаши од еден „пе дер“ како Бојан Јовановски, иронично искоментира Боки на обвинувањата дека го рекетрирал бизнисменот.

-И тој ќе ми давал милион евра. Од него не можеш 50 денари да земеш, а не па еден милион евра. Тој може дал, ама не на мене. Можеби ги дал на оние од трас-трас судството – рече Боки.

Тој вели дека не постојат никакви докази дека сметководителката на Камчеви извадила пари, но не може ни да има бидејќи такво нешто не се случило.

loading...
Loading...
Next Post

Нема ниту карантин ниту полициски час за Штип

Комисијата за заразни болести утрово не даде препорака за воведување карантин или полициски час, информираше за МИА државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој деновиве е постојано на терен и ја следи состојбата со новозаразените во Штип. Тој рече дека на Комисијата за заразни болести е утврдено дека […]