Борисов сподели убава вест која ќе ги израдува Македонците со бугарски пасош

admin22

Бугарскиот премиер Бојко Борисов соопшти дека во февруари во Бугарија треба да пристигне помошникот државен секретар за визи на САД и изрази надеж дека во рок од една година, една година и нешто Софија и Вашингтон ќе ја затворат оваа тема.

Борисов денеска заедно со американската амбасадорка во Бугарија Херо Мустафа раководи со Првата сесија на Бугарско-американскиот стратешки дијалог, којшто се одвива во Софија, јавуваат бугарските медиуми.

Во текот на 2019 година САД ги укинаа визите за државјаните на Полска. По оваа одлука, уште само четири членки на Европската Унија – Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар – останаа во визен режим со САД.

Борисов на 25 ноември во Белата куќа со неговиот домаќин, американскиот претседател Трамп, разговараше за стратешкото партнерство меѓу двете земји, начините за зајакнување на заедничките интереси за безбедност и стабилност во Црноморскиот регион, како и за енергетската диверзификација на Бугарија. Борисов тогаш побара повлекување на визите за Бугарите, а договорот за купување на Ф-16 и испорака на американски течен гас, беа меѓу другите теми.

loading...
Loading...
Next Post

Кирацовски предложи измени во Законот со кои нема да застаруваат лесно делата на функционери

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска поднесе измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се иницира промена на одредбите за застарување на кривични дела сторени со злоупотреба на службената положба и овластување, особено од страна на избрани и именувани лица. – Со законските измени се предлага периодот на апсолутна […]