Д-р Јанкуловски со порака до сограѓаните од сите вери и нации: Ги преминавте сите граници!

admin22

Сограѓани, сожители, соселани од сите вери и нации и како и да се чувствувате.

Не знам кога конечно ќе разберете и прифатите дека:

– короната е вистинска

– короната е присутна, овде е

– короната не е заебанција, нека е и вештачки создадена

Loading...

– никој ама баш никој не е короноотпорен, ниту вие ниту вашите најблиски

– ако не се грижите за своето здравје, ако сте несовесни и неодговорни знајте дека во опасност ги ставате блиските и сите нас

loading...

– мора (глупо ми е што ова го пишувам трет месец откако почна коронава) да бидете сериозни

– има едно чудо здравствени работници кои месеци не ги виделе своите или само на саат два и заради ваше безобразие и себичност уште нема да ги гледаат

– претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика

Доста е. Зар сите што седат дома не сакаат да шетаат, не сакаат се видат со пријатели и роднини? Тие не знаат што е убаво? Зошто ги казнувате нив?

Верувам дека и меѓу верниците има совесни луѓе кои знаат дека ништо на светов не е незаменливо. Се може да се изведе и другпат.

Само едно нешто не е незаменливо – човечкиот живот. Е тука нема “ај пак”.

Доста е, ги преминавте сите граници.

ФБ статус на Д-р Денис Јанкуловски, дел од тимот кој на терен ги прави тестирањата за корона.

loading...
Loading...
Next Post

КАРАКАЧАНОВ: Точно е, во Бугарија живеат повеќе Македонци отколку во самата Македонија

„Точно е, во Бугарија живеат повеќе македонци, според нивното сфаќање, отколку во самата Македонија“, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана во интервју за „Това е България” на бугарското Радио „Фокус“, на тема отвореното писмо од Илија Димовски (Претседател на групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Собранието […]