Д-р Пановски: Во време на Ковид-19, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ е реалност

admin22

Се согласувам со препораката маски да се носат, но гледам дека тоа не се почитува во целост. Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави во гостувањето на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Никола Пановски.

Околу собирањата на литургии, погреби, џамии и цркви, Пановски вели дека овие институции и форми на собирања, веќе очигледно е дека за жал претставуваат втора власт во државава.

Факт е дека огромен број на луѓе веруваат во оџите, поповите, свештениците дека вирусот во светите објекти не може да се прошири. И тука ништо не може да направиме, освен да советуваме. Ако 95% од вирусот се шири внатре во домовите, треба мерките да се менуваат.

Треба да се мониторира како се вршат тие семејни контакти и каде се шири вирусот. Ако видиме дека во ниеден маркет и во ниеден парк, ниту еден кеј не се пренел вирусот, ајде да одиме таму каде што се пренесува. Тоа се места каде што луѓето пејат, викаат, седат подолго време. Маските се ОК, но кога ќе се соберат луѓето тоа не го почитуваат, вели д-р Пановски.

Околу начинот на лекување и контроверзите кои го следат овој процес, Пановски смета дека се уште нема некоја конкретна терапија, а во однос на вакцините за оваа болест додава дека се уште е прашање дали треба да се брза. Ако со употреби за една година успехот или катастрофата (доколку не е успешна и нус-појавите) ќе го видиме за 2-3 години.

Loading...

Околу зголемениот број на смртноста кај младите луѓе Пановски смета дека тоа е микс од повеќе работи.

-Нездравиот начин на живот и стрес е причина за поголемата смртност кај младите од кардио-васкуларни болести. Каде што главен спорт ви е кладилница, помешано со загаден воздух, ова и е очекувано.

loading...
loading...
Loading...
Next Post

Сите денешни 12 новозаразени со Ковид-19 од Скопје се од ....

Откако вчера во Скопје беа регистрирани дури 26 заразени од Ковид 19, денеска таа бројка се намали на 12, се наведува во дневниот извештај на министерството за здравство. Според информациите на „Фокус“ од 12-те заразени во главниот град речиси сите се од Чаир, Сарај, Бутел и Гази Баба. Во последните […]