Д-р Роберт раскажува: Пациент тврдеше – „Кopoната е лажна”, а еве што му се случи

admin22

Приказ на случај на позитивен пациент – кој воопшто не верува(ше) во вирусот:(еден од многуте) – раскажува д-р Роберт Николовски:

ПРВ ПРЕГЛЕД: Пациентот влегува од врата (матична ординација) и се обраќа со зборовите: Докторе нешто сум настинал правев зимница цела ноќ промаја ме фаќаше сега грло ме боли ме тресе температура … Почнав амоксиклавче дома имав ама неколку капсули дојдов само да ми дадеш рецепт….

Прашање од докторот: Дали имате дома некој со слични симптоми, дали имавте контакт со ковид позитивен случај…

ПАЦИЕНТ: Гpубо го прекинува лекарот, не ми расправај ти за кopoна, за таа превара, мислиш не знам ја колку пари земате вие за да пишете човек кopoна, се се знае се се слуша, затоа немој на мене таа приказна, тоа на некој друг, се има на интернет…

Предлог од докторот: Ајде да напраиме лабoраторија

Loading...

ПАЦИЕНТ: Докторе, ај дај ми рецепт и да си вршиме работа, друг пат ке праиме лабoратории сега немам време…

ЗАБЕЛЕШКА НА ПРЕЛЕДОТ: Коpoна анкета одбиена, лабoраторија одбиена, пациeнтот одбива секаков облик на преглед бара само антибиотик

loading...

ВТОР ПРЕГЛЕД (два-три дена по првиот): Пациентот влегува со сува иритативна кашлица се обраќа со зборовите: Докторе изгледа мене грипот ме фаќа порано, нели може и порано да фати а.. ? Цел ноќ кашлам не можат да спијат моите од мене, ноќеска челото ми беше топло доста, ама сега нема… Дојдв за сумамед две пакетчиња сакам дами дадеш

АУСКУЛТАТОРНО: Се слушаат крепитации РТГ на градни органи: Пациентот не сака да прави – за некој ден ако не му поминел — грипот докторе и да го лечиш и да не 7 дена трае… Лабораторија: Леукоцити-2.9: Седиментација во прв час 50:

Предлог од докторот: Вака, состојбата е сериозна мора да напраиме рентген, мора да закажеме тест, мора да се изолираш и да земаш терапија.

ПАЦИЕНТ: Јас ти кажав што мислам за таа глуспост кopона, знаеш ли колку се штетни маските? Народ да е малку паметен, абе само непослушност, доста земавте пари за нас…. Дај еден сумамед ќе ми пројде… Каков рентген какви глупости само измислувате нешто…..

Уште еднаш укажано на пациентот за сериозноста на состојбата, но муабетот за лажниот виpyc продолжи…. Даден сумамед, витамини и цела терапија како шти ја даваме…. Те молам изолирај се седи дома….

ТРЕТ ПРЕГЛЕД: (два-три дена после вториот, недела дена по првиот преглед)

Пациентот доаѓа не разговорлив како претходно, многу кашлам, ме гуши, температурата ми оди до 39… Ќе да е некоја болест

Предлог од лекар: Ќе направиме рентген, нова лабораторија

ПАЦИЕНТ: Се што треба пиши РТГ ПУЛМО: Билатерална бронхопнеумонија Sat. O2 – 89% Упатен на преглед од инфектолог – направена хоспитализација

По многу премрежја и поминати неколку недели болничко лекување ја доби битката и се врати дома со два негативни бриса

Со отпусното писмо дојдоа и зборовите, ех да ве послушав веднаш и да се тестирав, ваму во бoница да ти кажувам нема да веруваш, пациенти умираат, сестри трчаат, едвај спасив жива глава….

НОСИ МАСКА, ДРЖИ ДИСТАНЦА, МИЈ РАЦЕ

Ако сакаш и не верувај, но почитувај ги мерките, зошто за секоја лага има вистина, за секое неверување има верување но за ниту една cmрт нема живот повторно! Размисли!

loading...
Loading...
Next Post

Утре се слави Св.Петка: Еве што треба да направите на овој ден!

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со […]