Д-р Стојанов: Веќе нема познати кластери, вирусот се рашири низ цело Скопје

admin22

Инфекцијата е раширена во сите делови на градот и нема познати кластери, вели д-р Александар Стојанов директор на Центарот за јавно здравје Скопје. Во моментов главниот град е најголемото жариште, а активни се 2.010 случаи.

Стојанов објаснува дека сега е потешко затоа што со кластери полесно се менаџира ширењето. Тој вели дека сега на респиратор завршуваат се повеќе млади луѓе.

Со кластери е полесно, ги знаете луѓето ги изолирате и тоа, но сега овде е веќе искочено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир се уште води, но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата се додека имаме можност за хоспитализација.

Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји, вели д-р. Стојанов за Сител.

Додава дека ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик биле повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно.

Loading...

Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане. Станува поагресивен кај помладите и како да прави обратно. Но малку е времето од 4 месеци да го осознаеме, вели д-р. Александар Стојанов.

loading...
Loading...
Next Post

Соседите од регионот бележат нови рекорди на заболени

Сосотојбата со Ковид инфекцијата во регионот не се смирува, бројките растат земјите бележат нови рекорди на заболени. Српската војска испратена во Нови Пазар на помош на лекарите, во уште четири града во Србија од денеска е прогласена вонредна состојба. Словенија со 30 новозаболени го испишува најлошиод ден во последните два […]