Д-р ЖАН МИТРЕВ: Благодарност до Филипче кој не организира и сплоти

admin22

Денес по прекрасната вест за успешна трансплантација на срце се обрати и Академик д-р. Жан Митрев од „Клиника Жан Митрев“. По повод првото трансплантирано срце, тој истакна дека ги имаме сите капацитети и сите можности и упати јавна благодарност до министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче за целокупниот процес и организација.

„Се покажа дека ги имаме сите капацитети и сите можности и морам јавно да се заблагодарам на Министерот Филипче кој не организира, кој не сплоти и колку и да сме различни, сепак на крајот сме исти, имаме една цел, а тоа е да ги лекуваме пациентите.

Без разлика дали сме приватни, државни, ние сме со таа дејност, со таа функција и сето ова е голема и успешна приказна. Му благодарам на Министерот, на целиот тим и на сите, оргомен број луѓе кои земаа учество во сето ова, за да ова биде вака како што е“, потенцираше д-р Митрев.

Фотографија од посетата на министерот за здравство и докторите на пациентот.

loading...
Loading...
Next Post

Повеќе од четириесет верници заразени со Ковид-19 по црковната служба

Повеќе од 40 луѓе се позитивни на Ковид-19, по црковната служба во Франкфурт. „Повеќе од нив не се сериозно болни. Колку што знаеме, само едно лице е примено во болница“, рече Рене Готшалк, главен медицински директор и комесар за здравствена заштита на Франкфурт. на Мајна Службата се одржала на 10 […]