Даниела Стојанова: Од вчера сум во државен карантин и сакам да се заблагодарам на сите љубезни граничари, полицајци, шофери, медицински лица, хотелскиот персонал

admin22
loading...

Драги пријатели,

Од вчера сум во државен карантин и најпрво би сакала да се заблагодарам на сите љубезни граничари, полицајци, шофери, медицински лица, хотелскиот персонал, како и на сопатниците, секој се труди најдобро што може во дадените околности. Благодарам и на многуте пријатели кои ме контактираа и се грижат за мене.

Денес коментирав на една објава на министерот Филипче и добив прашања од нашинци околу карантинот, што треба да се понесе, како било на граница и слично. Добив и коментар дека информациите им биле корисни или ги смириле зашто знаат што може да ги очекува. Ова ме мотивираше да направам список на побитни информации од моето лично искуство и кои работи би ви требале. Второво зависи од тоа и каде сте сместени, па ова е список кој одговара за моето место.

Ако сметате дека е корисно да споделите со ваши роднини или пријатели кои сакаат да си дојдат дома, ама не знаат како ќе биде во карантин, слободно споделете. Сепак ова е прв ден и за мене, па не знам како ќе биде понатаму.
Едно време си викам долга е објавава, ама сега зборувам со нашинка на Фејсбук и ми поставува прашања кои јас веќе ги напишав, а се мислев дали се битни за споделување. Затоа описот и списокот на работи кои можеби би ви требале e подолг и објавен во последователни две објави.

Ве молам имајте предвид дека секој објект за карантин е различен и не се сите искуства како моите.

Loading...

Ве поздравувам од Охрид,

Даниела

Дание потоа објави уште два поста на социјалната мрежа околу тоа што и како треба да си понесете со себе или да ви донесат своите најблиски додека сте во државна изолација.

loading...
Loading...
Next Post

Гоце Рагуза360 со статус на ФБ: Ни еден од нашите вработени не е заразен

Драги мои пријатели, Овој статус го пишувам, затоа што би сакал да ве информирам за случувањата после одржување на симпозиумот на дерматолози на 07-ми март во нашиот ресторан Рагуза360. Имено би сакал повторно да нагласам дека: – Нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од Ковид 19, […]