Дел од болниците без пари, бараат помош од министерството за здравство

admin22

Пандемијата на коронавирус ги стопи буџетите на здравствените институции во земјава. Речиси половина година не работеа амбулантите, не функционираше мој термин, а во болница се примаа само најитните случаи.

Тоа приходот од сопствени средства им го сведе на минимум, а новите протоколи неколкукратно им ги зголемија ставките за набавка на заштитна опрема. Поради тоа директорите очекуваат поголема финансиска подршка од државата.

Освен со помалку пари болниците работат и со помалку лекари. Во Штип и натаму недостигаат инфектолози. Едниот е на боледување, а инфектологот што доаѓа од Струмица ќе остане во матичната установа поради зголемениот број на заболени од корона вирус во оваа општина.

Не се знае ниту кога ќе почне поставувањето на 16-те монтажни Ковид болници. Општините и здравствените институции во најголем дел си ја завршиле домашната работа сега чекаат на Министерството за здравство.

А според министерот за здравство Венко Филипче и тие чекаат Светска банка да одобри пари за справување со пандемијата. Од овој кредит треба да се плати поставувањето на монтажните модули.

Loading...

Пред неколку дена, Владата најави дека го одобрила новото задолжување од 90 милиони евра кај Светска банка. Во соопштението нема детали за што ќе се трошат парите, освен дека ќе бидат наменети за ублажување на последиците од Ковид пандемијата.

loading...
Loading...
Next Post

МВР казни 701 граѓанин за неносење маски во последните 24 часа

Седумстотини и еден прекршок регистрира Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Loading...