Денес е ден на Свети пророк Илија (Илинден), кој пали и гаси на небото и земјата

admin22

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак во својата основа го има Свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Во чест на пророкот Илија, Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар, а во Битола има повеќе параклиси, и во околината на Битола цркви кои се изградени во чест на Светецот. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и затоа народот го на нерекол Свети Илија – громовник.

Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Пред да се вознесе го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи.

Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеа да го направат; низведе дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножи брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскресна нејзиниот умрен син; му прорече на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела дека кучињата ќе ја изедат, што и се случи; и многу други чуда изврши и настани предвести. На Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји.

Loading...

На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.

Свети Илија го среќаваме и во македонскиот прозен фолклор, пред се во преданијата и легендите. Не едно место тој како старец посетува еден дом и ги моли наречниците на новороденото да му одредат поубав живот, на друго место испратен од Бога ги казнува арамиите и го смирува царството, на трето место се заканува дека на денот кога ќе му биде името со рофја ќе го уништи веков, па сестри му Марија и Магда не му кажувале кога е тој ден, „еднуш му велеле оту уште не дошол, а друг пат оту поминал и така го дочувале светот нерасипан досега”.

loading...

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај и да удрело ќе расипело и убиело. Ламјата од страв кај ќе ѝ се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет“.

loading...
Loading...
Next Post

Минималецот се покачува: За месец јули граѓаните треба да земат повисока плата

Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работодавачите дека за јули треба да им исплатуваат повисока минимална плата на работниците. Или наместо досегашните 14.500 минималецот сега изнесува 14.943 денари. На таа минимална плата дополнително треба да се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата согласно колективните договори. Бараат од инспекциските органи, […]