Денеска е големиот празник Бадник – Што треба да има на посната трпеза

admin22

Бадник или Коледе е денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар, по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари.

Денеска е големиот христијански празник Бадник. Откако коледарите ќе пеат на нашите врати, и ќе донесат радост и смеа, навечер сите треба да седнеме на посната трпеза и да бидеме со семејството.

Бадниковата трпеза треба да биде исклучително посна, дури и без масло. Се подготвуваат питулици, сарма, грав, компир, зелник, овошје и се друго што е посно, а го има во домаќинството се со цел трпезата што му ја принесуваме на Синот Божји да биде што побогата што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Пред крајот на вечерата, во зависност од семејната традиција, се прекршува празничниот леб со паричка. Се прекршува на неколку делчиња, односно, еден дел за Господ, втор за домот, а останатите делови за присатните на вечерата, но и за оние кои се дел од семејството, а се отсутни од разни причини.

Секако пригответе и други посни јадења по желба. Ставете на трпезата и бадникови гранчиња.

Важи и правилото – Кај и да си за Бадник дома да си.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Денеска мора да се направат две нешта за среќна година: Се слави Бадник

Го славиме големиот празник Бадник кога сите со семејствата седнуваме на посна трпеза, јадеме посна храна, кажуваме молитва и кршиме лепче со паричка, која се верува дека носи бериќетна година. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати сè што е позајмено и да се […]