Десетици приведени поради непочитување на полицискиот час

admin22
loading...

Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден, на територијата на државава, 66 лица не ја почитувале забраната за движење од 21 до пет часот наутро, при што биле приведени 37 лица, а за другите се подготвени записници и за нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, за истиот период на 368 лица им се издадени решенија за самоизолација, 82 лица потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полицијата се извршени контроли и констатирано е дека само едно лице не ја почитувало самоизолацијата.

Покрај ова, полицијата во соработка со другите институции во истиот период извршила контрола врз 222 угостителски и други објекти, и притоа во три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.
Според достапните податоци, Македонија бележи извесно непочитување на полицискиот час.

Иако, за среќа, бројката е мала, сепак таа не е за потценување ако се земе предвид дека тоа е единствен начин да се спречи ширењето на коронавирусот.

Непочитување на полицискиот час од страна на граѓаните, за првите три вечери од неговото воведување било евидентирано кај 103 лица, а дури 63 лица биле приведени во полициска станица. Биле направени девет записници, а 31 лице биле опоменати, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

На 39 лица им се издадени решенија за самоизолација, а 111 граѓани што доаѓале од други земји на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Извршени биле 61 контрола во угостителски објекти и било утврдено дека само во еден случај не се почитувале препораките од страна на Владата.

Граѓаните што се враќаат од странските земји мора да бидат во четиринаесетдневен карантин и за таа цел се сместуваат во хотели во центарот на Скопје. Транспортот од граничните премини до карантинот го врши овластен превозник, одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, во придружба на возила од МВР.

– Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со завчерашниот ден, во државен карантин се спроведени околу 250 лица вратени од странски земји – информираат од МВР.
Дури 8.709 лица се со решение за самоизолација, а 1.105 лица имаат решенија за здравствен надзор.

Италија, која изминатиов период е европскиот центар на коронавирусот, каде што има повеќе од 70 илјади заболени и каде што бројот на починати дневно изнесува околу петстотини смртни случаи, забележа повеќе од 50 илјади лица што не ги почитувале правилата за карантинот, односно на полицискиот час.

Поради тоа, италијанската влада размислува да воведе уште поригорозни санкции за сите оние што ќе го прекршат карантинот. Полицијата евидентирала 51.892 лица прекршители, а 1.126 лица се обвинети за давање лажни изјави. Само на 18 март биле обвинети 8.200 лица поради непочитување на карантинот.

Проблеми има и со сопствениците на продавници. Дури 195 газди биле обвинети за кршење на правилата на карантинот, а 29 продавници биле затворени. Полициските службеници провериле 1,2 милион лица, откако во сила стапи карантинот на десетти овој месец.

Најсериозниот случај во Италија е евидентиран во Сицилија, каде што маж позитивен на коронавирус, и покрај препораките да седи во самоизолација, бил фатен како пазари. Обвинителството сега работи на обвинение против него, за ширење на епидемија, што може да му донесе 12 години затворска казна. Дополнително, уште 40 лица во Италија се обвинети за прекршување на карантинот, откако полицијата ги забележала на погреб, и тоа на првиот ден од стапување во сила на посебните мерки.

И Шпанија мака мачи со непослушни граѓани. Во обид да го спречи непочитувањето на воведениот посебен режим, шпанската полиција користи дронови за да ги предупреди луѓето да останат во своите домови.

Властите се одлучиле за овој чекор за да го намалат ризикот од ширење на коронавирусот и да избегнат директен контакт на полицијата со граѓаните, за да не ги ризикуваат своите животи.

Во Полска, пак, властите направиле апликација што со самослик-фотографија ќе проверува дали оние во домашна изолација го почитуваат карантинот. Казните за оние што ќе го прекршат карантинот се 100 евра, па на граѓаните им остануваат две опции – или да ја преземат апликацијата или лично полицијата да ги посетува дома.

Во Москва, која има околу 12 милиони жители, на граѓаните што нема да го почитуваат карантинот им се заканува затворска казна од пет години. Градот има 100 илјади камери за надзор, па никој не може да избега од лицето на правдата доколку го прекрши карантинот.

loading...
Loading...
Next Post

(ВИДЕО) УЖАС: Во Мадрид пациентите со коронавирус лежат на подовите, собите се преполни

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се прикажани ужасни сцени од шпанските болници на кои се гледаат пациенти со коронавирус кои лежат на подот. Преполните болници, кашлање и дишење треба да бидат отрезнувачки за многумина кои не ја сфатиле сериозно оваа пандемија, особено за оние кои не ги […]