ДЕСКОСКА: Владата ќе ја поништи лустрацијата, Заев ги повика кодошите да бараат отштета

admin22
loading...

Тајните соработници на Службата за државна безбедност, кодошите, од партијата на власт добија прошка, а од џебот на граѓаните ќе бидат и финансиски обештетени.

Имено, Владата во заминување продолжува да ја оштетува државата, па ги повикува оние кои беа прогласени за кодоши да поднесат тужба против Република Македонија.

Владата на денешната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни.

Станува збор за Предлог – закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

По сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи.

Loading...

Оштетените лица од донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници, доколку тие се починати, имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Република Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон, стои во соопштението.

Во врска со оваа владина одлука, се огласи и Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Оваа Влада продолжува да исправа неправди! Нарачаните процеси од така наречената лустрација ќе останат само лоша меморија од времето на режимот. На денешната редовна седница го утврдивме текстот на Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, нашиша меѓудругото Заев на својот Фејсбук профил.

loading...
Loading...
Next Post

Исповед на смртна постела: Ќе сакате да го вратите времето назад

Приказната ја раскажува медицинска сестра која работела во одделение каде пациентите ги минувале последните моменти од својот живот. Тоа за неа, иако тежок период, било една голема лекција. Луѓето растат, созреваат, се менуваат многу кога се соочуваат со смртта. Научив дека никогаш да не се потценува капацитет за нечија волја […]