Џафери : Згрешив, не е крај на светот

admin3
loading...

Лидерите решија да го вратат мандатот кај вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери, обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

– Апелирам до сите учесници во овој изборен процес – политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии и најважно од се медиумите да бидат на висина на својата задача да придонесат изборниот ден да биде свечен и да биде уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во март со што ќе дадеме свој значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави Џафери на прес-конференцијата која е во тек.

Закон за јавното обвинителство е донесен во соодветна процедура, доколку се утврди дека пратениците се внатре, а поради системот за гласање не го оствариле своето право да се изјаснат, моја одговорност е да овозможам повторно да се гласаа, затоа се повтори гласњето, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на прашање дали е подготвен да понесе одговорност доколку според најавите ВМРО-ДПМНЕ го оспори гласањето на законите за јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители пред Уставен суд.

За законот за Совет на јавни обвинители претседателот на Собранието рече дека е негова грешка, односно дека тој мислел дека овој закон треба да се гласа со Бадентерово мнозинство. И ова гласање го проблематизираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно повикувајќи се на кажаното од Џафери, го обвини дека гласањето не важи оти не се гласало и според бадентеровиот принцип.

– Факт е дека како дел од моето мислење воден дека два закони претходно беа изгласани со Бадентер, јас укажав пратениците да се подготват да гласаат според бадентеровиот ринцип. Но кога го гледав официјалното сценарио сватив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка, но од неа не произлегоа последици. Законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и доплнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да јас згрешив. Мислам дека не е карј на светот дека згрешив. Во три години и јас имам право да згрешам – рече Џафери.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Многу лоши денови полни со нервоза до 25 февруари за овие хороскопски знаци

Овен Во следните неколку дена ќе се случува постепено подобрување на состојбите во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат отворени со вас, а и обратно. Многумина ќе ја освежат својата врска, така што ќе излезат на убаво место. Тие што се сами ќе се разбудат од зимски сон и […]