Димитров и Царовска во кецот, Спасовски и Лукаровска тандем во двојка Беса во шеска

admin22

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, во тандем со вицепремиерката за европски прашања и доскорешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе бидат носители на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во изборната единица број еден на претстојните парламентарни избори, откако претходно социјалдемократите најавија дека ќе има двајца носители на листите во тандем маж-жена.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, според се уште неофицијалните информации кои протекоа пред почетокот на партсикиот Конгрес, се двоецот кој ќе ја предводи листата во втората изборна единица.

Листата во изборната единица три ќе ја предводи генералниот секретар Љупчо Николовски заедно со пратеничката Јагода Шехпанска. Како што беше и претходно познато во изборната единица четири носител е лидерот Зоран Заев. Неговата „партнерка носител“ засега се уште не е позната, но се шпекулира со Соња Мираковска од НСДП.

Loading...

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде во тандем со кординаторот на пратеничката група Јован Митревски во петката, додека во шестката носител ќе биде Билал Касами од колициониот партнер Беса, кој исто така, до себе во кампањата ќе има носителка на листа.

Loading...
Next Post

(ФОТО) ОФИЦИЈАЛНО: Кои се носители на сите шест едниници на СДСМ и коалицијата

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, во тандем со вицепремиерката за европски прашања и доскорешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе бидат носители на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во изборната единица број еден на претстојните парламентарни избори, откако претходно социјалдемократите најавија дека ќе има двајца носители […]