Димитров: Кружевме три пати пред да слетаме, се надевам ќе успееме во четвртиот обид

admin22
loading...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров пред вечерата во Брисел помеѓу лидерите на Европска Унија и од Западен Балкан алудираше на слетувањето во главниот град на Белгија и нашите обиди за почеток на преговори со Унијата.

– Кружевме три пати пред да слетаме. Затоа можам тоа да го споредам со нашите обиди да почнеме преговори. Имавме три Европски совети на коишто не можевме да слетаме. Се надевам ќе успееме во четвртиот обид. Јас морам да ја претставувам Северна Македонија наместо претседателот или премиерот, истакна Димитров.
Тој посочи дека денешнотот донесување на Законот за Јавно обвинителство е одлична вест.

– Успеавме да го донесеме и последниот закон кој ги отстранува сите сомнежи поврзани со нашиот случај. Тоа е Законот за Јавно обвинителство што беше усвоен со двотретинско мнозинство. Ова е добар ден за земјата, за правната држава и за граѓаните како и за европската иднина на Северна Македонија – потенцира Димитров.

Вечерата во Брисел е во организација на претседателот на Европски совет Шарл Мишел , а присуствуваат и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја претседава со ЕУ., како и лидерите од земјите од Западен Балкан.

loading...
Loading...
Next Post

Крвната група крие огромна тајна за вас?!

Проверката на крвната група не ни треба само да знаеме на кого можеме да даруваме или од кого да примиме крв, туку преку неа може да се дознае и кон кои болести сте склони, а од кои сте генерално заштитени. Како што веќе ни е познато од часовите по биологија, […]