Дневен Хороскоп за 12 мај: Бикот ќе го здогледа светлото на крајот од тунелот!

admin22

Овен (21.03 – 20.04)

Проблемите на љубовен план ќе дојдат во прв план, бидејќи чувстувате потреба моменталната врска да ја редефинирате или прекинете. Не донесувајте избрзани одлуки, почекајте и слушнете ги коментарите на партнерот па потоа дејствувајте.

Бик (21.04 – 21.05)

Чувствата ви ја замаглуваат способноста за расудување, па би требало да бидете многу внимателни при донесувањето на одлуки кои можат значително да влијаат на вас и вашата кариера. Денес денот е погоден да го поминете смирено, во друштво на партнерот. Потребен ви е одмор и релаксација.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Loading...

Несогласувањата со партнерот се појавуваат поради разликата во реалниот и замислениот живот, а вие сте виновни за тоа бидејќи во последно време сами си создавате нереални слики кои тешко се исполнуваат. Партнерот неможе да ги следи вашите мегаломански желби, па постои можност да се откаже и од вас.

Рак (22.06 – 22.07)

loading...

Смирете ја топката, не е можно да ги решите сите проблеми одеднаш. Не сте сами, затоа не стравувајте, на помош ќе дојде целото семејство. Намалете ја агресивноста и внимавајте да не повредите некоја невина личност.

Лав (23.07 – 22.08)

Се чувствувате фокусирано, па затоа оваа состојба најдобро ќе можете да ја искористите за напредок во кариерата. Оставете ги настрана важните приватни одлуки, одморете ги емоциите, тие не смеат да бидат бурни, бидејќи може да ви предивикаат штета. Разговорот со некој пријател ќе ви го подобри расположението.

Девица (23.08 – 22.09)

Задржете го позитивниот став, иако тоа за вас претставува проблем во овој момент. Без оглед на тоа, мора да ставите насмевка на лицето и да ги отргнете мрачните мисли кои ве заплашуваат. Околината ќе биде задоволна само доколку покажете иницијатива за подобрување на работите.

Вага (23.09 – 22.10)

Подготвени сте на се само за да ги остварите своите цели, без оглед колкав напор е потребно да дадете. Секогаш сте биле борци и такви ќе останете. Овој пат упорноста ќе ви се исплати, вие ќе го заслужите подобрувањето и на деловен план, но и во приватниот живот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Добриот развој на настаните ви носи среќа, тоа е едниот дел кој ве радува, а вториот дел се постапките и поддршката од блиските лица. Внимавајте на стратешките односи, внимателно донесувајте одлуки, постои можност за големо подобрување на финансиската ситуација. Борете се со предизвиците и не ги оставајте задачите за подоцна.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Непредвидените околности може да ви донесат несакани промени или едноставно да го пореметат распоредот кој сами сте си го поставиле. Не дозволувајте никој да ви ги попречува плановите, кажете јасно која е вашата замисла. Некој стар пријател ќе оствари контакт со вас, ќе дознаете поволни информации.

Јарец (22.12 – 20.01)

Професионалните односи со соработниците и колегите се одлично поставени, па така ќе можете да се потпрете на нивната помош кога ќе ви затреба. Сепак, немојте да претерате и да ја искористувате добрината на луѓето. Некој мал инцидент ќе ги разбранува вашите чувства.

Водолија (21.01 – 19.02)

Тешко ќе се концентрирате на важните детали, затоа во овој ден бидете мирни и повлечени. Некоја бурна ситуација ќе ве повреди, но ќе сфатите дека едноставно не сте можеле да ја избегнете. Одговорете на повиците од вашиот пријател, не го игнорирајте.

Риби (20.02 – 20.03)

Доброто разбирање на блиските лица, соработниците и воопшто околината ќе ви овозможи денес да бидете потолерантни и да ги намалите испадите. Запомнете, доколку постапите обратно, тоа може скапо да ве чини. Некој ќе ви соопшти тајна но сепак среќна вест.

loading...
Loading...
Next Post

(ФОТО) Човекот кој ја бранеше принцезата Дајана откри опасна тајна за Меган

Врховниот суд на Англија продолжува да го сослушува случајот на 38-годишнАТА Меган Маркл против британските таблоиди. Судската постапка е поднесена од војвотката од Сасекс во октомври минатата година. Меган тогаш ги обвини сопствениците на британскиот таблоид „Мејл“ за злоупотреба на личните информации и повреда на авторските права – ова се […]