Драгана со емотивен статус: Се ова го пишувам за да ви доловам дека како Цаца има уште многу такви докторки

admin22
loading...

Сега во Декември, се разбудив со 39 со 5 температура, немав никој дома, се распаѓав, се уплашив, фатив такси и директно на инфективно. Некаде во 8 и 30 наутро, бев таму, едвај се довлечкав, и велам многу ми е лошо, сама сум на сестрата, ми вели не можам да те примам без упат, велам втора смена ми е матичната, ќе ви донесе мајка ми. Не можам ми вели пробај кај докторката ако те прими. Едвај се довлечкав, тропнав и влегов. Такво викање, не можам да ви доловам вака.

Кој тебе те пушти ма?!

Велам докторке сама сум имам висока температура, ми рече сестрата да ве прашам дали ќе ме примите, излегувај надвор на еден висок тон оди си кај матичната… Ми ги изгази нервите, Едвај зборев, ама и реков, слушај јас завршив филозофија, предавам етика а тебе да ти се плукнам на таа Хипократова заклетва што си ја дала, докторке. Излегувај и тргна накај мене. Излегов, сестрата ми вели оди на токсико таму ќе те примат без упат, јас и велам како да одам до таму сама, ако ми се случи нешто вие ќе поднесете одговорност?

Ајде смогнав сили, едвај до таму се влечев, веќе беше 10 часот… Стигнав, таму среќа имав некој, па успеав да влезам кај доктор. Иако чекав два часа со температура, кога ме прегледаа, ми вели тој за на инфективно си… му велам знам, таму и отидов, таа нема да ме прими, вели еве ти упат, мора… Ајде назад пак, пак кај сестрата, веќе е 13 часот, 5 часа како лутам со 39 со 5 температура. И велам се вратив, еве ви упат, дај ми те молам да легнам некаде, се тресам ладно ми е, почекај ми вели, влегува кај докторката која се вика Лидија.

И вели се врати девојчето, таа и вели нема кревети, нека чека. Чекав така на столиците надвор, до 16 часот. Немав веќе сила ни на телефон да кренам, отидов пак кај сестрата и велам кажи ми име и презиме на оваа, не можам ни вели, од тука отидов кај директорката не беше тука за нејзина среќа. И лежејки така, излегуваат сестри ме гледаат, нема реакција…

Loading...

Само се молев да заврши мајка ми со работа и да дојде. Некаде околу 17 часот, ми приоѓа една од лаборантките, вели долго седиш овде беше ли на шалтер, велам не сака да ме прими докторката, се насмеа, ајде со мене ми вели и заврши смената, сега веќе е некој доктор така доста млад, и тој и вели нека чека ред, и јас му велам јас ќе викнам новинари, веќе сум 8 часа без докторска помош, со температура, ајде влези ми вели… ме гледа и вика уште двајца, еј дојдете да видите, Аууу страшно не сум видел вакво нешто па ќе се угушиш ми вели… имав ангина. Ама баш страшна. Сакаше да ме хоспитализира… кога влегов во дневната сите кревети беа слободни. И се сетив на нејзиното урлање како нема слободен кревет.

Така сама примив некои лекарства, и ми вели оди дома, овде ќе ти биде полошо, дома два дена бев со таа температура и не можев да ја спуштам.

Се ова го пишувам за да ви доловам дека како Цаца има уште многу такви докторки кои дале заклетва дека човечкиот живот е најважен, кои се доктори ама не се луѓе. Ете таа Лидија да ја видам некаде мислам дека би ја газела. Сеуште ми е свежа сликата на неа. Ама сигурна сум дека има и некои кои сеуште се навистина доктори. Аплауз за таквите. И да не даде господ таму на таа клиника да се појавите, таму се сега сите луѓе, и баш ги мислам.

loading...
Loading...
Next Post

„Тврдокорни“: Ако не се служат литургии во Македонија, нема кој да нè застапува пред Бога

Патриотското здружение „Тврдокорни“, кое е дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, најостро реагира на вчерашните најави за забрана на литургиите во македонските православни храмови. „Ако не се служат литургии во Македонија, нема кој да нè застапува пред Бога. Ние православните христијани, без литургија, сме мртви. Тоа нам ни е […]