ДУИ со предлог: Во петок да се работи само 4 часа

admin22

Петок да се работи со половина работно време односно најмногу до 13 часот за вработените да имаат време повеќе да се посветат на семејствата, за Плусинфо брифира висок функционер на ДУИ. Тој вели дека ова е дел од резолуцијата број 3 –  квалитет на живот, која денеска ја изгласа Централното претседателство и која по Конгресот ќе стане дел од изборната програма на интегративците за изборите на 12 април догодина.

Според функционерот, ДУИ ќе предложи аванградна програма во која предлага политики за обезбедување на услови за квалитетен живот на граѓаните.

Еден од предлозите е скратување на работното време за половина и тоа во петок. Со тоа граѓаните ќе имаат повеќе време за семејството, за социјализација и за себе. Со тоа се намалува стресот, поволно ќе влијае на општото и менталното здравје на граѓаните и тие ќе бидат посреќни но и попродуктивни на работното место – вели функционерот на ДУИ.

Тенденцијата е, велат од партијата, да се зголеми животниот век на граѓаните како тој во скандинавските земји.

loading...
Loading...
Next Post

Баба Ванѓа пронашла маж кој исчезнал на својата прва брачна ноќ поради црна магија

Петгодишна психичка фарса се претворила кај родителите чии деца ги снемало. Нејзината слава беше широка и далеку позната, затоа што точно знаеше каде се нивните исчезнати деца. Значи, касиерката оди и жената чиј син исчезнува на нејзината прва брачна ноќ. Приказната звучи како бајка во Андерсен во која се вклучени […]