Две години затвор за уредник кој објавил неточна вест за Ковид-19

admin22

Гардијан забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога”.

Зав Је Хтет, главен уредник на мјанмарската новинска агенција Дае Пјав е осуден на две години затвор, откако се покажа дека веста на агенцијата дека едно лице починало од коронавирус не била точна.

Зав Jе Хтет е уапсен на 13 април, еден ден откако објавил напис во кој се наведува дека е евидентиран еден смртен случај од Ковид-19 во источната држава Карен. Се испостави дека веста не е вистина, пренесува Гардијан.

Адвокатот на новинарот изјави дека тој е осуден според член 505 на две години затвор.

Гардијан забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога”.

Loading...

Во Мјанмар, потврдени се 199 заразени со новиот коронавирус и шест смртни случаи, но експертите стравуваат дека реалниот број е далеку поголем, бидејќи се тестирани мал број на луѓе.

loading...
Loading...
Next Post

ВЛАДАТА СО КОНЕЧНА ОДЛУКА: Како за Велигден така и за Бајрам, карантин од недела до вторник

Владата донесе одлука за карантинот за празникот. „Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија […]