Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба, и протокол за изборите

admin22

Министерот Венко Филипче рече дека утре ќе биде поднесено ново барање на продолжување на вонредната состојба, која истекува во сабота.

-Треба да има состанок на Советот за безбедност утре и ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини, за да имаме механизми за импламантирање на вакви препораки и во периодот кој следи- рече Филипче.

Комисијата за заразни болести подготви протокол во четири дела за изборната кампања и изборниот процес кој мора целосно да се спроведува за да се заштити здравјето на граѓаните, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што наведе Филипче:

За време и пред активностите на изборната кампања треба да се почитуваат правилата за физичка дистанца од 2 метра и да се носи маска.

Loading...

При одржување собири мора да се почитуваат веќе познатите мерки за превенција и дистанца за да се избегне концентрирање на луѓе на поголем простор.

Во кампањата „врата до врата“ претставниците на партиите мора да држат доволно растојание со граѓанинот или соговорникот.

loading...

На денот на изборите сите членови на избирачките одбори мора да имаат маска, прозорците мора да се отворени, а во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање.

Гласачите мора да носат маска, која на кратко ќе ја тргнат додека се легитимираат. Дезинфекцијата на рацете ќе биде задолжителна при влез и излез од гласачкото место.

Како што кажа министерот, можна е и препорака гласачкиот ден да се продолжи.

loading...
Loading...
Next Post

Плажите во Грција се отвораат оваа сабота: Кои се новите услови на работење?

Во Грција, плажите ќе се отворат престојниот викенд поради високите температури над 35 степени што се очекуваат во наредните денови. Одлуката на комисијата за заразни болести се сметаше за излишна после гужвите што се случија претходниот викенд на „дивите плажи“ кои биле достапни за граѓаните. Генералниот секретаријат за цивилна заштита […]