ФИЛИПЧЕ СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ: За новата состојба и бројки како и тестирања

admin22

Во моментот вкупната бројка на заболени во земјата изнесува 35 лица. Сите 4 новодијагностицирани пациенти се со лесна клиничка слика. Стабилна е состојбата на сите пациенти на Клиниката за инфективни болести и на пациентите во Дебар, а стабилна е и на пациентката која е на респираторна машина, односно нема знаци за влошување на нејзината состојба.

Доцна синоќа се изработија резултати на уште 4 пациенти кои беа во врска со онаа група од вчерашниот ден, последно дијагностицирана, а врз основа на епидемиолошките анкети и податоците со кои тие луѓе комуницирале. Во овој момент се прават анализи на уште 30 лица од кои едно од Куманово, две од Скопје и останатите 27 се граѓани на Дебар и околината. Станува збор за лица кои немаат симтоми, но е можно да биле во контакт со некој од заболените. Тоа значи дека скринингот добро се спроведува, разговаравме и со нашиот инфектолог, професорот од Скопје, локалните инфектолози и епидемиологот, кои имаат направено една шема, алгоритам – по кој постапуваат.

Авионот кој синоќа слета од Брисел, беше поставена индикација за тестирање на 12 лица согласно податоците кои тие ги дале. Сите тестови се негативни и сите патници од авионот се пуштени дома во задолжителна самоизолација, согласно препораките.

Вчера преку Деве Баир стигна и група од 10 луѓе, тие се сместени во Пепелиште и во текот на вечерта и утрово се прегледани од епидемиолог и согласно одлуката заради тоа што е можно да пристигнат и повеќе лица, тие ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија. Имаше реакции дека таму условите не се соодветни и затоа преземавме мерки за нивно префрлање и се надевам дека ќе имаат разбирање за ова со оглед на важноста за индикација на оваа мерка.

Залихите на крв и крвни деривати се сосем доволни, направена е анализа во текот на денот и има идентична количина како што имало и истиот овој период минатата година. Сите итни интервенции и онколошки интеревенции и онколошки интервенции, се извршуваат со вообичаеното темпо, рутина и индикација.

Loading...

Во однос на денешниот предлог од Владата упатен до Собранието односно Претседателот на Република Северна Македонија за прогласување вонредна состојба, истакнав дека во рамки на здравствениот сектор, практично од крајот на јануари се функционира во една вонредна состојба со: поставување пунктови на граничните премини со подготвеност за препознавање на овие пациенти, со спроведување соодветни протоколи за мониторинг за лекување на Клиниката за инфективни болести, а со оваа вонредна состојба со ингеренциите кои и се даваат на Владата дополнително ќе се помогне во спроведување и евентуално заострување на некои од мерките.

Раното откривање, скрининзите по епидемиолошки индикации, како што веќе почнавме да правиме во Дебар, а сега и во околината во Струга, некои населени места во Скопје и во други градови, согласно податоците кои ги имаат епидемиолозите, сметам дека е многу битно за да се откријат што порано случаите, за да не го оптоварат здравствениот систем и тоа понатаму да предизвика проблеми и компликации во лекувањето и неможност да се справуваме со овој проблем. Ги повторувам пораките – сите да се придржуваат до мерките за превенција, да не се излегува без потреба, да се држи дистанца, често да се мијат рацете. Продолжуваме со интензивната комуникација со јавноста и медиумите.

loading...

loading...
Loading...
Next Post

КИНЕСКИТЕ НАУЧНИЦИ ОТКИВААТ: Која крвна група била најлесно заразена со КОВИД-19

Кинеските научници откриле дека луѓето со крвна група А се со поголема опасност да заболат од новиот коронавирус отколку оние со нула. Студијата е направена во Вухан, првиот епицентар на болеста. Исто така, откриле дека ризикот од смртност кај лица со крвна група А е поголема. Во Вухан, 34% од […]