Финансиски хороскоп за февруари-вреќи полни пари само за овие знаци

admin3

Oвен

Во текот на февруари ќе бидете подготвени да се соочите со бројни предизвици. Проценете ги вашите постапки во претходниот период и сфатете што би требало да промените во вашето однесување, за да реализирате цели кои сте си ги зацртале за себе.

Најдобро би било тоа да го направите до 26 февруари. Во овој месец ќе бидете под големо влијание на затемнувањето на Месечината, кое ќе донесе мноштво промени. Иако во текот на месецот ќе се појават бројни потешкотии кога станува збор за работата и кариерата, со стабилен и цврст став успешно ќе супеете да се износите со нив.

Loading...

Бик

Без оглед на потешкотиите, февруари ќе биде месец кога ќе го постигнете врвот во кариерата. Ќе се покажете како одличен соработник и ќе имате феноменални идеи кои ќе ви донесат напредок во идниот период. Со тоа, ќе имате и финансиска стабилност. Дел од парите ќе вложите, а благодарение на вашите луцидни одлуки и самодоверба, парите за брзо време ќе се дуплираат.

loading...

Близнаци

Положбата на планетите овој месец е доста поволна за започнување на нови проекти, а ќе бидете и во можност успешно да спроведете бизнис планови од претходниот период. Кон крајот на месецот ќе добиете примамливи работни понуди, но неопходно е темелно да проверите. Финансиската ситуација ќе биде доста поволна во првите две недели од февруари, но подоцна би можеле да имате некои непредвидени трошоци кои ќе се одразат на вашиот буџет.

Рак

Ќе дојде до големи промени и трансформации во вашето опкружување. Ќе можете да очекувате значаен напредок во кариерата, особено после 12 февруари, а ќе бидете и соодветно наградени. Покрај работата со која се занимавате, ќе имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Вашите претпоставени, како и членовите на семејството можат да ви бидат од голема помош за реализирање на приходите.

Лав

Во вашето работно опкружување ќе дојде до неочекувани активности, кога вашата храброст во комбинација со дипломатијата ќе ви даде неверојатни резултати.

Вашите цели ќе се реализираат до средината на месецот, а после можете конечно малку и да здивнете. Ќе имате доволно аспекти за подобрување на финансиската состојба, но сепак бидете мудри и оставете нешто на страна, бидејќи надалеку сте познати по прекумерното и непотребното троѓење.

Девица

Ова ќе биде месец на професионални предизвици за Девиците, бидејќи ќе се соочат со конкуренција како во фирмата во која работат, така и надвор од неа. Ќе морате да бидете доволно паметни и вредни да се справите со предизвикот. Но, вашиот партнер нема да има доволно слух за вашата преокупираност со работата.

Доколку имате некои правни проблеми, тие ќе бидат решени до крајот на месецот. Вашиот финансиски статус ќе биде одличен, со можност за раст и експанзија.

Вага

Може да дојде до големи промени во работата и работната средина. Како последица на тоа може да се најдете на ново работното место. Но, нема сомневање дека добро ќе се снајдете во новото опкружување и со новите должности. Ќе мора да направите драстично различни финансиски стратегии во однос на претходниот период, а тоа вклучува и скратување на непотребните трошоци.

Шкорпија

Под влијание на затемнувањето на Сонцето, ќе дојде до промени во вашето работно опкружување. Вашата фирма и работа со која се занимавате ќе претрпат драстични трансформации. Сепак, иако ќе постојат препреки, тоа нема да биде причина вие да не напредувате. Потребно е само предизвиците пред кои се наоѓате да ги претворите во можности и сигурни во себе да тргнете напред. Финансиските ситуација ќе биде стабилна. Сите важни одлуки поврзани за потпишување на договори одложете ги за понатаму.

Стрелец

На 10 февруари ќе дојде до драстични промени во вашето работно опкружување. Можно е компанијата во која работите целосно да ја промени својата намена или да се трансформира. Како и да е, ќе морате да се прилагодите на промените и да ги разгледате сите можности за да напредувате. Секоја промена за која ќе се одлучите, без разлика дали работите за некој или имате сопствен бизнис, добро би било да ја направите после 26 февруари. И заработката ќе ви стагнира во текот на овој месец, а подобрувања на финансиската ситуација е најавено веќе од 16 февруари.

Јарец

Од 26 февруари постои голема можност за нови бизнис планови, чиј иницијатор ќе бидете токму вие. Иако се ќе се случува во втората и третата декада од месецот, вие ќе имате енергија и ќе бидете подготвени за нови предизвици. Голем успех може да имаат оние кои се вклучени во семеен бизнис или работат со недвижнини. Што се однесува до финансиите, ќе биде напнато до 19 март, но подоцна ќе почувствувате одредено подобрување.

Водолија

Постои голема можност да ја промените сегашната работа, или да бидете унапредени. Ве очекуваат бројни бизнис договори кои треба да ги реализирате. Февруари ќе биде одличен месец за вашите финансии. Вашиот буџет ќе се зголемува без голем напор, а можно е да дојдете до уште поголеми приходи со помош на вашиот партнер.

Риби

И покрај турбулентните околности, многумина од вас можат да очекуваат напредок на работа, но ќе биде потребно будно да го следите развојот на ситуацијата. Невработените ќе наидуваат на нови можности и перспективи. Финансиската состојба ќе биде одлична. Освен што професијата ќе ви донесе заработка, дополнителни приходи можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството.

Loading...
Next Post

Мојсоски за настапот на ЕП: Нема хемија, а и младите прават трансфери во странство, па после седат на клупа, на трибини

Македонската ракометна репрезентација уште во првата фаза го заврши настапот на ЕП 2020 во Австрија, а вчерашниот пораз од домаќинот-Австрија (32-28) тешко го прифатија македонските навивачи. Екс-репрезентативецот Наумче Мојсоски за „Фокус“ даде свој став околу настапот на нашите ракометари на ова големо европско натпреварување. „Нема хемија во децата. Јас уште […]