(ФОТО) Оружјето на телохранителите на Путин: Руски пиштол кој е забранет во САД

admin22

Овој пиштол е доволно моќен за да пробие 30 слоја кевлар, и токму поради тоа на него падна изборот на личното обезбедување на претседателот на Русија.

Кон средината на деведесеттите години од минатиот век инженерите од Подмосковје решија да направат домашен еквивалент на елегантниот, но моќен пиштол за тоа време , на моќната италијанска „Берета“, кој денес многу се користи во специјалните единици во градски услови, но и од страна на офицерите кои ги обезбедуваат лидерите на своите земји.

Руските конструктори решија да одат подалеку од прототип, односно да направат пиштол кој ќе биде помоќен и поефикасен во судирите на мало растојание. Резултатот ги надмина сите нивни очекувања, зашто Федералната служба за обезбедување (луѓето кои го чуваат рускиот претседател) веднаш го избраа новиот СР-1 „Вектор“ како свое постојано вооружување.

Од друга страна ова оружје е забрането во САД поради својата исклучителна огнена моќ. Инаку, во Русија овој пиштол е познат под називот „Ѓурза“ („гюрза“, вид отровна змија, Macrovipera lebetinus).

Предности и недостатоци на пиштолот СР-1

Loading...

Новиот пиштол е направен за моќен куршум 9х21 милиметри, така што има определена предност во однос на калибарот 9х19, кој е стандарден за европските пиштоли како што се моделите Beretta и Glock 17. Според муницијата СР-1 е појак дури и од современите стандардни руски пиштоли „Јаргин“ и „Макаров“.

Стандардниот пробоен куршум за новиот пиштол СР-1 пробива 30 слоја кевлар, со „полнеж“ на панцирен елек кој најчесто се користел во текот на деведесеттите години од минатиот век. Освен тоа, пробива челична табла со дебелина од 4 милиметри на растојание од 50 метри. На оперативците кои го чуваат рускиот претседател овој куршум им дава определена предност во потенцијален вооружен судир во стеснет урбан простор.

loading...

Навистина, оваа предност е проследена и со еден недостаток. Имено, куршумот е доволно моќен да ги пробие дури и современите панцири, но токму поради тоа потенцијално може да го прострела непријателот и да погоди минувач.

„Протоколот на Федералната служба за обезбедување не обрнува внимание на можните ‘случајни жртви’. Телохранителите се обучени да ги избегнат, но нивната главна задача е да го заштитат лидерот на својата земја по секоја цена. Доколку би имало неочекувани жртви, а лидерот се чувствува добро, тогаш сѐ би се завршило со интерна истрага, без никакви поголеми последици“, вели за Russia Beyond главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски.

Според него олку големата огнена моќ не ги загрижува руските офицери во домашни услови, но тоа е проблем во текот на посети на други држави, зашто низа земји ја има забрането примената на овој пиштол на својата територија.

„Поради премногу големата огнена моќ ниту Американците не му дозволуваат на рускиот спецназ да го користи СР-1 на американската територија, така што припадниците на Федералната служба за обезбедување на тие патувања мораат да носат пиштоли Јаригин со калибар од 9х19 милиметри“, додава Мураховски.

СР-1 одблизу

Јас лично подобро се запознав со пиштолот СР-1 за време на едно службено патување, кога ги посетив неговите креатори во бирото за индустриски дизајн на Централниот научноистражувачки институт за прецизно машинство.

Кога станува збор за ергономијата и за надворешниот изглед, мора да се признае дека ова оружје не е показател за стил и елеганција како италијанската „Берета“. Пиштолот СР-1 е направен од тешки и груби метални легури со „остри“ агли. Просечен стрелец од СР-1 ја нема ни онаа брзина што би ја имал со моделите Glock 17 или Beretta зашто рускиот пиштол има подолг од на обрачот.

Од друга страна, „Русинот“ има огромна предност во однос на елегантните „Европејци“ кога станува збор за сигурноста. СР-1, како и АК-47, е направен да функционира во сите можни (и речиси невозможни) услови. Имено, се тестира цел час во машина која создава услови на песочна бура, потоа еден час во машина со вештачки тропски врнежи и на крајот во „ладилник“ каде температурата изнесува -65 степени Целзиусови. Примерокот што нема да помине која било од овие фази ја „завршува кариерата“; односно оди на рециклирање.

loading...
Loading...
Next Post

НОВА ШАНСА: На овој хороскопски знак до крај на годината ќе му се врати љубовта од минатото

Дали навистина сè уште имате емоции кон неа… Затоа што ако одговорот е да, тогаш навистина имате причина да бидете среќни и да уживате во работите и ситуациите што следат по вас. Риби кои неодамна раскинале врска тешко дека ќе доживеат помирување со таа личност … И ако тоа се […]