(ФОТО) ЦИА ГИ ОБЈАВИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ВОНЗЕМЈАНИТЕ: НЛО веќе не е тајна

admin22

Илјадници документи на ЦИА за непознати летачки објекти се достапни за преземање од Интернет.

Документите беа објавени на Интернет благодарение на страницата Black Vault, управувана од Џон Гринвалд Јуниор, активист посветен на слободата на информирањето.

Архивата што може да се преземе е резултат на напорите на Гринвалд, кој поднесе дури 10.000 барања за пристап до информации од јавна важност и рачно скенираше над 2,2 милиони страници, кои сега се достапни на пошироката јавност која може да ги преземе од Интернет.

loading...

Некои од извештаите на ЦИА за НЛО се стари неколку децении, а американската разузнавачка агенција тврди дека тоа е сè што има во архивата за непознати летачки предмети. Сепак, Гринвалд наведува дека ЦИА не може да ги потврди ваквите тврдења.

Документите беа објавени пред крајниот рок што законот им го даде на државните органи да објавуваат извештаи за НЛО.

Документите објавени на оваа страница содржат бројни сведоштва за необјаснети контакти, но многу детали се сокриени.

Гринвалд тврди дека ЦИА не била многу подготвена да соработува кога станува збор за неговите барања и дека тие дури му го отежнале и техничкото преземање на документите.

Loading...
Next Post

Луѓето кои пијат горко кафе се психопати, додека оние кои пијат благо…

Луѓето кои пијат горко кафе се психопати, додека оние кои пијат благо… Истражувањето спроведено на Универзитетот Инсбрук покажа дека наклонетоста на некои луѓе кон напитоци и храна со горчлив вкус може да ја прикрива нивната предиспозиција кон психопатија, нарцизам, садизам или макијавелизам. Научниците утврдија дека кај лицата кои по сопствено […]