„Гардијан“: Дали имав коронавирус, без да знам дека сум заразен?

admin22
loading...

Има луѓе кои немале никакви симптоми, и онакви кои имале благи симптоми слични на настинка.

Развиваме тестови за антитела за да провериме дали некој претходно бил заразен, но тие се уште не се подготвени за клиничка употреба, вели доктор Вилијам Хилман од Општата болница во Масачусетс.

Постои ли начин да дознаеме дали сме имале коронавирус, без да знаеме дека сме заразени? „Во овој момент не постои тест кој би го докажал тоа“, објаснува американскиот доктор Вилијам Хилман од Општата болница во Масачусетс, за британски „Гардијан“.

„Развиваме тестови за антитела за да провериме дали некој претходно бил заразен, но тие се уште не се подготвени за клиничка употреба. Единствениот сигурен начин да дознаете е да се тестирате додека сте заразени“, објаснува д-р Хилман.

Коронавирусот има различен спектар на симптоми, вели докторот. „Постојат луѓе кои дури немале ни симптоми. Исто така, има и такви кои имале многу благи симптоми слични на настинка: течење на носот, блокада на синусите, болки во грлото.

Loading...

Има и онакви кај кои симптомите биле како да имаат тежок грип: висока температура, болки во мускулите, краток здив и кашлица. Но, некои пациенти имале и тешки респираторни затајувања и им била потребна интензивна нега“, додава д-р Хилман.

(Забелешка на уредникот: Неодамнешните истражувања сугерираат дека губењето на мирис и вкус се исто така знаци на инфекција со Covid-19).

loading...
Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Бил Гејтс во 2015: Она што го спомна пред неколку години стана реалност

Може да има вирус каде луѓето ќе се чувствуваат доволно добро кога се заразени па да се качат на авион, да одат на пазар. Изворот на вирусот може да биде природна епидемија, како еболата или може да биде биотероризам. Вака во 2015 година говореше Бил Гејтс на ТЕД конференцијата. Тој […]