Ги прочитав пораките на маж ми и неговиот пријател, тоа ми го уништи бракот-Исповед на една повредена жена

admin22

„Откако ги прочитав пораките кои мојот сопруг ги разменил на Фејсбук со неговиот пријател, за момент почувствував како кислородот исчезнува од просторијата. Се сеќавав дека ги поставив рацете на гради, барајќи воздух.“

Во продолжение прочитајте ја искрената исповед на една повредена жена која ставила крај на нејзиниот брак, а еве и зошто:

„Барав воздух и еден вид излез кога светот кој што го познавав, започна да се урива околу мене.

Тој беше изненадувачки цивилизиран и спремен за компромис, додека се разведувавме по 8 години брак, во судот. Разводот беше готов пред моите спомени да избледнат од меморијата. Не можев да го поднесам сожалувањето на луѓето или нивното потајно исмевање. Имав 2 деца кои требаше да пораснат во мир, при што токму затоа решив да се преселам стотици километри подалеку.

Да започнам сосема нов почеток, далеку од сè и сите што ги познавав.

Loading...

Додека чистев низ домот и ги средував работите, случајно наидов на пораките кои си ги разменувале мојот сопруг со неговиот пријател, разговорот кој го уништи мојот брак. Додека читав, пријателот постојано зборуваше за Интернет страницата на мојот сопруг. Интернет страница? Со само неколку пребарувања, веднаш ја пронајдов истата.

Пронајдов фотографии од половиот орган на мојот сопруг, но неговото лице беше сокриено. Фотографиите беа снимени во нашиот дом, на нашиот мебел. Сопругот дури и направил свој блог во кој детално ги опишувал неговите диви интимни фантазии, а воедно се со потсмев пишувал како од друга страна, глуми сериозен семеен човек.

loading...

Беше ужасно да се открие суровата вистина и лагите врз кои беше основан мојот брак. Фотографиите биле таму уште од самиот почеток на бракот, мојата прва бременост, раѓањето на второто дете, целиот мојот живот со него бил само моја илузија.

Толку години ме лажеше, а јас наивно верував дека навистина работи многу и до доцна во канцеларијата, за да заработи за нас. Сега ми беше јасно зошто разводот беше толку лесна работа за него.

Дали претходно постоеја знаци кои индицираа дека тој е ваков? Воопшто не. Мислам и јас, како и секој човек, уживав во нашиот интимен живот, но никогаш не би помислила дека тој е опседнат со тие работи.

Во пораките дури наидов на ужасни признанија од негова страна дека цело време ме изневерувал и дека одредено време дури бил со повеќе жени одеднаш во локалните хотели, во близина на неговата работа.

Долго време ми требаш да си дојдам на себеси и да продолжам напред, а сила ми дадоа мои деца, заради кои едноставно морав да се извлечам од оваа пеколна лага што ја нарекував идиличен брак.“

loading...
Loading...
Next Post

Порано или подоцна Бог ќе ви даде се отсекогаш што сте посакувале

Честопати луѓето не знаат да го ценат вашето време, вашиот труд. А вие упорно се трудите да ги исполните нивните очекувања. Но, со тек на време станувате уморни од постојаните обиди да ги задоволите туѓите интереси и потреби. Уморни сте од неуспеси и разочарувања. Но колку и да мислите негативно, […]