ГРЦИЈА ДЕНЕСКА НА ПОТЕГ: Се чека одлука дали ќе се отворат границите за Македонците

admin22

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на македонски државјани на грчка територија, објавена на 15 јули истекува денеска, а засега, нема информација за нејзино продолжување или поништување, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија” се за временскиот период од 16 јули до 31 јули 2020 година и се однесуваат, освен на Македонија, и на Албанија и на Турција.

За конкретната министерска одлука, како и за копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земји, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина рече дека овие теми биле дел од состанокот на Мицотакис со епидемиолозите и надлежните министри.

loading...
Loading...
Next Post

Струјата во Македонија поскапува, дознајте за колку...

Поскапува струјата, соопшти предмалку претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски. Како пример, тој посочи дека на сметка од 1 500 денари сега покачувањето би изнесувало уште 100 денари. Регулаторната комисија за енергетика прати соопштение до медиумите: Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која одобри регулиран максимален […]