Грција почна да депортира србски туристи заразени со коронавирус

admin22

Грција почна да ги депортира туристите заразени со коронавирус. Белграѓанка за српски „Блиц“ раскажала дека со сопругот и синот во неделата со автомобил заминале на капење на Халкидики, но откако нивните тестови се покажале позитривни од државата им наедиле да си заминат.

Жената раскажала дека на граница грчки лекари земале брисеви од еден член од семејството од секој автомобил кој бил со српски регистерски таблички. Граничарите им наложиле следните 24 часа да ги поминат во самоизолација и им соопштиле дека доколку тестот се покаже позитивен ќе бидат известени за најмногу 72 часа.

Семејството ги поминало следните три дена низ Ситонија, а по истекот на тие 72 часа им јавиле дека се позитивни. Во телефонски разговор тие требало до детаљ да го објаснат секое свое движење и мерките за заштита што ги презеле.

Бидејќи повикот ги начекал на плажа, им наложиле да се вратат во својот хотел и да не излегуваат од собата следните 14 дена. Но, половина час подоцна им дале уште една опција, ако сакаатда се вратат самите во Србија, под услов за време на целото патување да носат маска и да застанат само доколку е неопходно.

Оваа опцијата ја добиле зошто сопругот немал симптоми, па веројатно процениле дека за сите подобро е да заминат.

Loading...

Тоа се првите туристи кои морале да ја напуштат земјата заради ковид-19.

loading...
Loading...
Next Post

Дали и вие сте меѓу нив?: Ова се 3-те најмрзеливи хороскопски знаци

Сите ние од време на време сакаме денот да го поминеме лежејќи дома и релаксирајќи се пред телевизорот за да заборавиме на обврските, но на некои тоа им се случува малку почесто од другите. Астролозите велат дека тоа е поврзано со нашиот хороскопски знак, а еве кои 3 хороскопски знаци […]