Груби тврди дека нема криза меѓу СДСМ и ДУИ-Ќе гласаат за ЗЈО од прв до последен

admin3
loading...

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на денешната прес-конференција рече дека неговата партија очекува изборите да се одржат на 12 април и дека Собранието ќе се распушти на 16 февруари, во недела.

Тој апелираше до политичките партии да ги изгласаат законите и да пристапат кон организирање на изборите.

– Изборите беа консензуално договорени кај претседателот Стево Пендаровски помеѓу сите политички партии и тогаш договоривме само датум за изборите, а не и датум за распуштање на парламентот.

Јас сум убеден дека ова Собрание има капацитет да работи до недела и да ги изгласа законите. Инаку, ние како партија немаме никаков проблем со СДСМ, а вчерашното кочење беше единствено поради некоординираност.

ДУИ апсолутно го поддржува законот за Јавно обвинителство и законот за Советот на јавни обвинители – истакна Груби.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

БАШ НА ОВОЈ ДЕН: Љубовта им носи проблеми на овие хороскопски знаци

Овен Денес денот постојано на некој чуден начин ќе ви биде мистериозен и нема да знаете што се случува. Кога станува збор за љубовта ќе размислувате за некој кој не е во ваша близина, а некои хороскопски знаци ќе размислуваат и за тајна афера. Бик Овој ден супер ќе се […]