И денес коронавирусот не стивнува – Нови 120 заразани и 4 починати лица

admin22

Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починаа 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години по комликации од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.

Во „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Loading...

Оздравени се 123 пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 6.454, оздравени се 2.598, починати се 306, а во моментов има 3.550 активни случаи.

loading...

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.134, активни 2.049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 30, активни 26
• Кичево 35, активни 29
• Ресен 108, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со ПЦР метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.
Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 454
• Аеродром – 166
• Бутел – 173
• Гази Баба – 185
• Центар – 152
• Карпош – 170
• Сарај – 163
• Кисела Вода – 119
• Ѓорче Петров – 118
• Студеничани – 111
• Шуто Оризари – 87
• Арачиново – 52
• Илинден – 33
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 21
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2
• Нераспределен- 7

loading...
Loading...
Next Post

ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК Е КОНЕЧЕН: Koлку граѓани ќе можат да гласаат на 15 јули?

На изборите на 15 јули своето избирачко право ќе можат да го искористат 1.814.263 милион граѓани. Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список (ИС) за предвремените парламентарни избори. Во Избирачкиот список се запишани 1.729.189 лица, а како лица кои се иселиле или работат во странство во посебниот избирачки […]