„Имам бугарски пасош, но сум македонец, зошто го извадив е тажна приказна”

admin22

Писмо на нашинец од Англија:

“Имам 35 години и потекнувам од Македонија, како млад работев се и сешто, но фамилијарно имавме и не многу големи лозови насади.

Во Македонија, пред 10тина години, каде и да работев, повеќе од 12-3.000 денари едноставно не можеш да заработиш. Барав секакви опции, каде и да се обратиш, те одбиваат, ти велат “Ќе ти се јавиме, ние ќе те побараме”, и ништо. Единствена опција беше да избереш некоја политичка партија, па да те вработат, јас не бев таков човек, ниту денес сум.

loading...

Пријател ми спомна да извадам бугарски пасош и да заминеме во Англија, се согласив, немаше што да правам. Со сите потребни документи за 3 години стаса и бугарскиот пасош, а јас заминав да работам како механичар во Англија, што за почеток беше одлична платена работа, имајќи во предвид дека заработував доволно да живеам сам, да ги покријам сите сметки, да купам храна и да тргнам некоја фунта настрана.

Едноставно, мораше да го направам ова, ми дојде време кога требаше да се женам, да мислам на семејство и стабилна финансиска иднина, која за жал, не можев да ја обезбедам во Македонија и со македонска плата.

По кратко време ја повлеков и мојата девојка, двајцата македонци, отсекогаш патриотски воспитани да ја сакаме и негуваме нашата Македонија, но едноставно, таа не ни го понуди тоа што ние го очекувавме. Таа работи како фармацевт, а јас работам во сервис за автомобили.

Денес, постојано на социјалните мрежи гледам како луѓето ги обвинуваат оние со бугарски пасоши, како ја предале Македонија и не се патриоти.

Јас два пати годишно доаѓам во Македонија, трошам пари во Македонија, но и сакам да купам имот, за семејна куќа, сакам кога ќе подостарам, пензионерските денови да ги поминам во мојата Македонија. Но да ви кажам нешто, луѓето не вадат бугарски пасоши, бидејќи се чувствуваат како бугари, или за да заминат да работат и живеат во Бугарија.

Тие вадат бугарски пасоши за да заминат во белата Европа, знаете колку соседи македонци и бугари имам, на кои државата исто како и Македонија, не им дала можност да живеат и работат таму, или едноставно не сакаат да го поминат животот заработувајќи 200-300 евра и крпејќи крај со крај.

Никогаш не сме имале проблеми со нив, ниту еднаш не го повредиле нашиот македонски идентитет, нашиот јазик или нашите македонски чувства.

Loading...
Next Post

БОЛНО ДО СРЖ: „Извинете драга, Вашата мајка го напушти овој свет”

Докторот: Жалам, се обидовме, но не можевме да ја спасиме вашата мајка. Ќерката: Не! Не! Не! Не е можно. Докторот: Извинете драга, Вашата мајка го напушти овој свет. Ќерката: Ама докторе, мајка ми е борец, како така лесно се предаде. Докторот: Те молам душо, треба да ја однесеме во капелата. […]