Исповед на смртна постела: Ќе сакате да го вратите времето назад

admin22

Приказната ја раскажува медицинска сестра која работела во одделение каде пациентите ги минувале последните моменти од својот живот. Тоа за неа, иако тежок период, било една голема лекција.

Луѓето растат, созреваат, се менуваат многу кога се соочуваат со смртта. Научив дека никогаш да не се потценува капацитет за нечија волја за созревање. Некои промени беа феноменални. Секој на различен начин се носи со тие емоции, како што се очекува, негирање, страв, лутина, каење, повеќе негирање и на крајот прифаќање. Секој пациент го наоѓа својот мир пред да отиде.

Кога зборуваме за што тие жалат или што би направиле поинаку, неколку работи често се повторувале, а ова се најчестите:

Посакував да имам храброст да го живеам животот како што сакам, а не како што другите ми велеа

Ова беше најчестото жалење на сите. Кога луѓето сфаќаат дека нивниот живот е речиси завршен и се гледаат назад јасно на тоа, гледаат колку соништа им останале неисполнети. Повеќето луѓе умираат без да исполнат барем половина од своите желби и сонови, бидејќи другите сметале дека тоа се будалаштини.

Loading...

Важно е да ги вреднуваш и да се бориш за своите сонови дур си здрав. Здравјето носи голема слобода.

Посакувам да не работев толку напорно

loading...

Ова повеќето беа мажи, бидејќи поголемиот дел од жените биле домаќинки. Се каеа зошто го пропуштиле детството на нивните деца, за времето поминато без нивниот партнер и за сите мигови што ги пропуштиле.

Преку поедноставување на вашиот животен стил и правење свесни избори, можно е да не ви се потребни толку приходи колку што мислите. Со тоа би создале повеќе простор во вашиот живот за блиските и верувајте, би биле посреќни.

Посакувам да имав храброст да ги искажам моите чувства

Многу луѓе ги потиснуваат чуствата, со цел да не ги нарушат односите со другите. Како резултат на тоа, тие никогаш не се развиле во насоката кон која сакале да одат, а заради тоа се огорчени и незадоволни.

Искреноста е здрава, не е убаво да ги чуваш работите потиснати. Кога во односот со друг човек постапуваш коректно и аргуемнтирано му ги кажуваш нештата, тогаш тој однос треба да се развива и зацврстува.

Посакувам да останев во контакт со моите пријатели

Често не ги сфаќале бенефитите на старото добро пријателство. Дозволувале животниот стил да ги изолира од пријателите со текот на времето. На крајот сите, ама баш сите ги бараат своите пријатели и жалат зошто не поминувале време со нив, а во последните мигови многу тешко е да дојдат до нив.

Во последните моменти од животот, материјалните работи не им се воопшто важни, секако имотните прашања ги средуваат, со цел да ги обезбедат своите сакани. Но на крајот важна им е саканите и односите со нив.

Посакувам да си дозволев да бидам посреќен

Повеќето на крајот сфатија дека среќата е избор, а цел живот ја потиснувале и останувале верни на секојдневиото, навиките и „удобната зона“ без да се стремат да направат нешто што сакаат, бидејќи е ризично. Стравот од промени ја потиснувал нивната личност и тие не се развиле во тоа што сакале, а и можеле да бидат. Никогаш вистински не се смееле и немало живост во нивниот живот.

Животот е избор. Тоа е твојот живот. Изберете свесно, изберете мудро, изберете искрено. Изберете среќа.

loading...
Loading...
Next Post

ШТО НЕ ОЧЕКУВА: Дневен хороскоп за 25 декември

Овен Денес мора да и оддадете почит на вашата сакана личност. Таа направила премногу за вас. Размислете што точно и заблагодарете и се. Не останувајте должни. Бик Денес, обидете се да влезете во кожата на другите. Можеби мора да направите компромис за да ја задржите вашата среќа. Започнете го празничниот […]