Исповед на вработен во Канели во Италија: Им средив и работа и сместување, откако си го средија животот заборавија на мојата добрина

admin22

Пред речиси 16 години заминав во Италија. Сиромаштијата односно немањето на доволно финансии да обезбедам подобра сегашност, но и иднина за мене и моето семејство ме натера да го напуштам родното место и да тргнам на пат далеку од дома, на пат кој ќе овозможи подобар живот за мене и моето семејство. Одлуката не беше лесна, особено разделбата со моите деца.

Зад себе оставив жена која секогаш беше моја поддршка, зад себе ги оставив моите деца, синот од 8 години и ќерката од 14 години. Не беше лесно. Реалноста стана виртуелност. Ги гледав моите најблиски преку Скајп. Тоа беше најголемата утеха и мотивација да продолжам напред. Моите деца! Кога дојдов тука не ми беше лесно. Првите три месеци беа навистина тешки, можам слободно да кажам, најтешки. Нова средина, нови луѓе, далеку од домот, далеку од татковината.

После 4 години поминати овде, успеав да ги повлечам со мене и моите најблиски. Децата тргнаа на школо во Италија, а сопругата почна да работи кај истиот газда кај што работев јас. Задоволни од мојата работа и труд, тие навистина ни помогнаа и таа нивна помош ќе ја паметам се дури дишам.

Од тој ден откако заминав, поминаа цели 16 години. Не велам НЕ, навистина ми недостасува Македонија, ми недостасуваат пријателите и роднините, но морам да напоменам дека навистина не жалам за одлуката да заминам во странство.

Со текот на времето станав навистина близок човек на газдата, па така преку мене тој бараше и други работници кои би сакале да дојдат и да живеат во Италија. Јас го искористив тој момент да помогнам на луѓе кои мислев дека ми се пријатели. Ги извлеков и нив, дојдоа во Италија, каде се дружевме, каде ме сметаа за брат се до оној момент кога, народски кажано, застанаа на здрава нога. Од тогаш се се промени. Тие луѓе станаа како странци за мене. Како да не беа тие истите луѓе кои ги познавав со години. Тоа страшно ме погодуваше, се чувствував предаден од луѓето на кои им имав подадено рака.

Loading...

Наеднаш почнав да слушам озборувања за мене, за тоа каков сум, пред луѓе за кои тие пред мене зборувале многу грди работи. И не ми е жал што им помогнав, напротив, не жалам за ниту една моја постапка, само жал ми е што преку таквото нивно однесување јас загубив многу блиски пријатели, пријатели кои ги сакам, пријатели кои ги сметав за браќа.

Се надевам ќе дојде ден кога тие ќе разберат што направиле, ден кога повторно ќе можеме да бидеме истите оние кои бевме некогаш, сплотени и единствени како семејство, како браќа по крв!

loading...
loading...
Loading...
Next Post

ОДЛИЧЕН ТЕСТ: Вашиот одговор открива сè за вас?!

Една фотографија може да каже 1000 зборови. Ова е уште поголема вистина кога станува збор за семејните фотографии. Врската меѓу родителите и нивните деца е една од најчистите, исполнета со многу љубов и среќа, но не секој ги чувствува овие работи на ист еднаков начин. Токму нашиот денешен, следен тест […]