ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК Е КОНЕЧЕН: Koлку граѓани ќе можат да гласаат на 15 јули?

admin22

На изборите на 15 јули своето избирачко право ќе можат да го искористат 1.814.263 милион граѓани.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список (ИС) за предвремените парламентарни избори.
Во Избирачкиот список се запишани 1.729.189 лица, а како лица кои се иселиле или работат во странство во посебниот избирачки извод се заведени 83.054 граѓани.

Во посебниот избирачки список, за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старечките домови 357 додека шест сè уште се водат како внатрешно раселени лица.

Членот на ДИК, Борис Кондарко кажа дека Комисијата успеала четири дена порано, пред законскиот рок, да ги заврши сите дејствија поврзани со Избирачкиот список, односно обработка и целосно ажурирање на ИС за овие избори, заедно со Државниот завод за статистика.

На 15 јули нема да може да се гласа без заштитна маска.

Loading...

Секој гласач е должен да држи растојание од 1,5 до 2 метра пред објектот и влезот на самото гласачко место. Пред влегување и на излегување од гласањето, граѓаните ќе мора да ги дезинфицираат рацете.

loading...
Loading...
Next Post

КОИ СЕ ТИЕ?: Новиот коронавирус сега брои 12 симптоми

Покрај веќе познатите, регистрирани се уште три нови симптоми на новиот коронавирус. мериканскиот центар за контрола и превенција на болести на официјалната листа на симптоми на КОВИД-19 додаде уште три: Течење на нос или затнат нос Мачнина Дијареа Покрај овие додадените, на списокот на симптоми претходно се наоѓаа: Зголемена телесна […]