„Ја сакав, Господ ми е сведок, но тоа што Јована го направи ги згрози сите“- Исповед на младиот Петар

admin22

Со Јована бевме во брак 3 години. Се беше совршено. Таа нежна како каранфилче, убава како да е излезена од бајките, висока како манекенка, домаќинка како што секој маж може да посака, едноставно совршена жена. Ја сакав премногу, но кој не би сакал вака жена нели?

Јована ми роди две прекрасни дечиња, Татјана и Теодор. Лични, белички со црвени обравчиња, секогаш насмеани, едностано среќни деца. Таа демнееше над нив секоја секунда од денот, премногу ги сакаше.

Јована секој ден ме испраќаше и пречекуваше од работа со насмевка, но тој ден беше бледа, очите и светеа, а телото и гореше од температура. Кога влегов низ вратата ја најдов како седи на масата целата стуткана на столчето. Дојдов, ја погледнав и ја прашав што се случило….Таа ме погледна со натажени очи и едвај изусти: „Петар, кријам една тајна од тебе, поради која решив дека веќе не сакам да живеам. Кога беше на печалба, дојде Драган, мојот втор братучед, да ги види децата. Му направив вечера, и наздравивме со вино. Но, испивме малку повеќе и се најдов на нашиот брачен кревет. Спиев со него, а вчера дознав дека сум бремена. Јас Петар те сакам, направив голема грешка поради која не можам да си опростам и се напив отров пред 2 часа кој веќе почна да делува. Прости ми Петар, не знаев што правам“- рече Јована и ми падна на рацете. Јована почина. Бев згрозен, но и тажен во исто време. Ја изгубив Јована како да изгубив се.

 

loading...
Loading...
Next Post

Голем пресврт во временската прогноза: Од утре еве што не чека

Од утре дожд, грмежи и засилен ветер УХМР за утре најавува дожд, локално пороен, грмежи и засилен ветер со брзина од над 60 километри на час. Врнежите се очекува да бидат пообилни во југоисточните делови и да достигнат над 35 литри на метар квадратен. Утринските температури ќе се движат од […]