Како секој хороскопски знак реагира на кризата-Коронавирусот и ѕвездите

admin22

Како што вирусот и самата паника се шири низ светот, а полиците во маркетите се празнат, време е да погледнеме и како луѓето се справуваат со оваа ситуација.

Некои од нив се разумни, други веќе го губат својот разум, во продолжение прочитајте како секој од хороскопските знаци реагира на кризата:

1. Овен

Овенот нема проблем со седењето сам, бидејќи честопат е груб индивидуалец, но има проблем со седењето во затворен простор. Па затоа за нив најдобро е да пешачат или планинарат од време на време во ваква ситуација.

2. Бик

Loading...

Кратко кажано, Бикот е одговорен за дефицитот на тоалетна хартија што се случува во светот моментално. Тоа се должи на фактот што овој хороскопски знак си ги сака своите работи и сака да се чувствува безбедно. Најдобро за нив сега е да го уредат и организираат домот.

3. Близнаци

loading...

Близнаците најдобро ги шират информациите, па кризата ја поминуваат уживајќи во читањето на сите новости на Интернет и истите да им ги препраќаат на нивните пријатели и семејството. Исто така, супер би им дошло да решаваат тестови и квизови.

4. Рак

Ракот и без криза, обожава да го поминува своето време дома. Слушање музика, готвење на омиленото јадење е сето она што ги одржува Раковите во живот и ги прави да не се плашат. Но, не претерувајте и сепак водете сметка за вашиот изглед и тежина.

5. Лав

Не драматизирајте Лавови, светот не се врти околу вас! Кога ќе го сфатите тоа, тогаш ќе успеете повторно да ја вратити вашата величествена контрола. Зборувајте за научни вести и луѓето со задоволство ќе ве слушаат.

6. Девица

Девиците моментално се пресреќни што конечно сите ги мијат своите раце и ја одржуваат хигиената како што треба. Девици, дезинфекција е неопходна, но не и да ја извадите вашата кожа. Малку опуштање со читање забавни вести ќе ви дојде добро.

7. Вага

Вагата го мрази социјалното дистанцирање и изолацијата, при што започнува неизбежната паника. Но, Ваги еве што може да направите. Искористете ја предноста на Интернетот, мејловите, социјалните мрежи и поврзете се со луѓето кои најмногу ги сакате.

8. Скорпија

Социјалното дистанцирање не претставува никаков проблем за Скорпијата. Единственото нешто кое им создава блага паника и параноја на успешните Скорпии се финансискиот свет и берзата. Но, опуштете се, а подоцна направете ги потребните консултации со вашиот финансиски советник.

9. Стрелец

Стрелецот се претвора во најголем бунтовник кога неговата лична слобода е загрозена. Но, откако ќе ја видат поголемата слика, ќе сфата дека сепак изолацијата е неопходна. За да ги смират нервите, може да направат кратка прошетка во нивната блиска природна средина.

10. Јарец

Јарецот моментално се чувствува како цел свет да го носи на своите рамена, бидејќи сето му изгледа мрачно. Но, не е сè така црно и не плашете се до толку. Едноставно следете ги препораките за хигиена и вашето здравје ќе биде во ред.

11. Водолија

Водолијата едноставно знае дека е теорија на заговор. Дали е тоа направено да се симне Трамп од власт или пак, Трам ќе завладее со светот, за овој хороскопски знак, времето дома ќе биде поминато во истражување на вакви возбудливи приказни, односно со интелектот ќе ја победи кризата.

12. Риби

Да се биде сам, не е нешто посебно тешко за Рибите. Тие релативно добро се справуваат со новата ситуација, бидејќи претпочитаат само да се поврзуваат со позитивните луѓе и така да ја шират позитивната енергија. Истовремено, со јога и медитација успеваат да ја надминат паниката.

loading...
Loading...
Next Post

Драматично во Шпанија: За 24 часа 462 починати, над 4.500 новозаразени

Шпанското министерство за здравство информираше дека во изминатите 24 часа дури 462 лица починаа од коронавирусот во земјата, со што вкупната бројка на починати се искачи на 2.182 лица. Заболени се над 33.000 лица во Шпанија, само 4500 во изминатите 24 часа. Шпанскиот премиеро Педро Санчез истакна дека „најлошото дури […]