КАКОВ Е ОВОЈ ХАОС: Докторката-Родилка, позитивна на Ковид-19 си заминала од Инфективна клиника

admin22

Докторката-родилка која криеше дека имала контакт со заразенo лице и која стави во изолација 10-тина лекари и сестри во две болници, денеска си заминала од Инфективната клиника.

Таму родилката била префрлена по породувањето во приватната болница “Ремедика“

„Попладнево потпишала изјава и си заминала од Инфективната клиника. Сега надлежниот инспектор за случајот чека Инфективната клиника да ни достави податоци за пациентката за да и доставиме решение за домашно лекување и за изолација на лице позитивно на Ковид-19“, изјави за Телма директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова Бухова.

Денеска на Клиниката за гинекологија била украдена нејзината изјава во која потпишала дека немала контакт со позитивен на КОВИД-19.

Во меѓувреме се огласил и свекорот на оваа пациентка, кој за Телма телефонски изјавил дека снаата не знаела дека тој е позитивен кога отишла во болница, а дека самиот тој го дознал резултатот утредента, на 7 јуни.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Даниловски: Пребрзо се олабавија мерките, а луѓето тоа го сфатија како крај на епидемијата

Доктор Драган Даниловски, директор на Институтот за епидемиологија и биостатистика на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен министер за здравство во македонската влада во интервју за хрватски Тпортал ја објаснува ситуацијата со кризата со коронавирус во Македонија. На прашање како го објаснувате ненадејниот скок на бројот на пациенти и дали […]