Кажувајте ја често: Моќна молитва против лоши мисли

admin22

Понекогаш е потешко човек да се ослободи од лошите мисли отколку од лошите навики. Затоа помогнете си себеси со оваа убава молитва…

„Боже мој, во чии раце е судбината моја,

заштити ме според Твојата милост и не дозволувај да пропаднам во своето беззаконие, ниту да одам по волјата на телото кое со наслада и лакомост војува против духот.

loading...

Јас сум Твое битие, не го презирај делото создадено од твоите раце, не се одвраќај од мене. Слаб сум, не ме презирај, Боже, затоа што Тебе ти се предадов:

Исцели ја мојата душа, затоа што ти згрешив Тебе. Спаси ме заради Твојата милост, затоа што јас сум Ти верен од својата мадост. Нека се засрамат оние кои сакаат да ме оттргнат од Тебе со помош на нечисти дела, грди мисли и некорисни сеќавања.

Оттргни ја од мене секоја нечистотија и секое зло. Затоа што Ти си врховен и бесмртен, семоќен и на сите им даваш сила за борба против гревот и неговата војска. Тебе ти доликува секоја слава, чест и наклон, сега, секогаш и во вечни векови.“

Loading...
Next Post

Нејзините ПРОРОШТВА сите ги знаат, а овие магични совети на Баба Ванѓа ќе ви донесат долг и здрав живот

Една од најпознатите јасновитки во областа на поранешна Југославија е секако ВВангелија Пандева Димитрова попозната како Баба Ванѓа. Родена во Струмица во 1911 година, таа стана слепа во несреќата кога имала 12 години. По несреќата таа станала јасновитка, а кога се омажила се преселила во бугарскиот град Петрич. Ванѓа станала позната […]