ЌЕ ИМА ЛИ ДОГОВОР: Заев ги кани Левица во Влада – што му одговорија тие

admin22

На мандатарот му се допаднаа ставовите на вториот пратеник на Левица Борислав Крмов, кој зборуваше за класните разлики во општеството, наспроти неговиот сопартиец Апасиев, кој го обвини Заев за национално предавство поради промената на името.

Не знам зошто останувате во опозиција. Со вакви ставови, имаме убава можност за соработка. Вредностите за кои зборувате се застапени во концептот „едно општестово за сите“, му реплицираше денеска мандатарот Зоран Заев на пратеникот на Левица, како одговор на изјавата на Борислав Крмов.

Тој, во својата дискусија рече дека Левица на сите пратеници во Собранието, без разлика на етничката припадност, ќе им се обраќаат од позиција на класните разлики во општеството.

Крмов рече дека Левица е единствената левичарска партија во парламентот, критикувајќи го СДСМ за откажувањето од прогресивниот данок.

„Во програмата се откажувате од прогресивниот данок, односно предвидувате инклузивен процес на разговори и консензус за воведување прогресивен данок. Смешно е да се очекува крупниот капитал самоинклузивно да се согласи да се даночи. Ако сакате го даночите крупниот капитал треба да се собере храброст и да го искористите државниот апарат“, рече Крмов.

Loading...

Заев посочи дека претходнат Влада почна со прогресивниот данок, но увиделе дека државата губи и признале дека треба да се доработи концептот.

„Дефинитивно има голема разлика меѓу економските слоеви во општеството, дефинитивно треба сите да работиме да ги намалиме разликите“, рече Заев, посочувајќи на политиките што претходната Влада на СДСМ ги презема во таа насока.

loading...

Но, претходно, лидерот на Левица Димитар Апасиев жестоко ја нападна владејачката партија, така што заработи и опомена од спикерот Талат Џафери поради непристојната реторика.

Според Апасиев, Заев требало да го врати мандатот по референдумот за името, затоа што немаше излезност од над 50 проценти.

„По референдумот требаше да си заминете, цела Влада да си поднесете оставки,а не потоа, да ми извини ЛГБТ заедницата, онака пед***ски да го менувате името на државата. Требаше потоа да бидете во затвор, затоа што направивте кривично дело, односно дозволiвите Грција да може да го употребува името Македонија за своја област, а граѓаните на Република Македонија не може да го користат тоа име. Требаше да одговaрате за бришење на националниот идентитет“, рече Апасиев.

loading...
Loading...
Next Post

Што барала тамо: Ким Кардашијан била во тајна посета на Србија

Ким била воодушевена од прекрасната природа, но и од српските специјалитети, кои Славка Николиќ ги подготвила за неа и нејзините колеги. Српски новинарски тим ја пронашол Славка да раскаже за посетата на Ким, па таа се сеќава на средбата со сопругата на раперот Канје Вест. Инаку, најпознатата старлета во светот […]